Македонија
Апел за помош – Кате да добие шанса за достоинствен живот
Објавено на
Од
Media Press
Драги наши пријатели, сограѓани и компании,
Ви пишуваме за нашата Катерина Ристовка која боледува од мултиплекс склероза од своите 24 години. Денес Кате има 36 години и веќе 12 години се бориме заедно со неа да и овозможиме да имa достоен живот во кој ќе може самостојно да ги извршува секојдневните активности но и да се надева на убава и здрава иднина.
За жал опциите кои ни преостануваат не можеме веќе да си ги дозволиме и затоа решивме да пробаме да се обратиме на пријателите, граѓаните и компаниите кои живеат во нашата заедница.
Новата терапија која треба да ја направиме изнесува 20.000 евра, веќе како семејство во овие 12 години ги потрошивме сите финансиски средства со надеж дека ќе доведат до подобрување на состојбата на Кате.
Сепак би сакале да не губиме надеж и веруваме дека заедно, доколку ни помогнат нашите пријатели, сограѓани и компании, со нивните донации ќе успееме да ја обезбедиме терапијата. Донациите може да бидат мали но ако се многу ќе бидат доволно за да ја достигнеме сумата од 20000 евра.
На сите наши донатори и поддржувачи во борбата ќе им испратиме извештај за собраните средства, но се надеваме и дека ќе дојдеме со убави вести од Германија а на Кате ќе и се врати надежта за живот и насмевка на лицето.
Сметка за донација…
Од срце,
Семејствотото на Катерина Ристовска
Поврзани содржини

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

