Василево

Во општина Василево, се одржа настан за доделување грантови од страна на ТИКА

Викендов, во населеното место Василево се одржа официјален настан на доделување земјоделска механизација од страна на ТИКА, на земјоделци од турска националност кои живеат во населените места на поширокиот регион.
На настанот присуствуваа Н.Е амбасадорот на Р.Турција во Р.Македонија, Фатих Улосој, заменик претседателот на ТИКА, Махмут Чевик,  претседателот на МАТУСИТЕБ (Сојуз на турските невладини организации во Македонија) Тахсин Ибрахим и претседателите на турските партии во Р.Македонија.
Како домаќин на настанот, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, поздравувајќи го овој чин нагласи дека  заедно со субвенциите од Владата на  Р.Македонија и оваа директна помош од ТИКА, во голема мера ќе се помогне на земјоделците во процесот на производство.

„Општина Василево е позната по мултикултурализмот, општина позната по соживотот, општина позната по одгледувањето на раноградинарските култури. Народот  кој што живее во нашата општина е трудољубив и вреден. Сите знаеме дека општина  Василево е позната по одгледувањето на земјоделски култури, на полјоделски култури. Општо е познато дека нашата општина е една од ретките општини во Р. Македонија која што има четири индустриски зони, општина која што е позната по објектите што просперираат во индустриските зони  и тоа објекти за откуп и преработка на земјоделски култури и затоа мислам дека денес сме на правото место. Навистина заслужуваше општина Василево да биде домаќин на оваа манифестација каде што ќе бидат поделени грантови од страна на ТИКА. Земјоделска механизација и пластеници. Во таа насока, денес преку ТИКА на одреден број земјоделци, ќе биде доделена директна помош со што ќе се овозможи развој на производството на раноградинарски култури. Заедно со субвенциите од Владата на Р.Македонија и оваа директна помош од ТИКА, во голема мера ќе се помогне на земјоделците во процесот на производство“, рече градоначалникот Андонов.

Задоволен од досегашната соработка градоначалникот на општина Василево изрази надеж дека и во иднина ќе продолжи соработката и дека ќе бидат реализирани уште многу проекти.
На настанот му претходеше средба и во кабинетот на Градоначалникот.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago