Струмица

Тест период 30 денови понуди Костадинов, по реакцијата на граѓаните да се отстрани велосипедската патека од улицата во Старата чаршија во Струмица

По реакција на одредени граѓани кои што живеат или работата на старата чаршија во Струмица, да се отстрани велосипедската патека од улицата во старата чаршија, градоначалникот Костадин Костадинов се јави со одговор на социјалните мрежи.   

„На барање на граѓаните остварив средба со претставници на сопственици на фирми од старата чаршија, сосема легитимно и со целосно право од нивна страна да се сретнеме и да се изнајде заедничко решение.

Компромисот е следен, да имаме тест период 30 денови, да видиме што е најдобро.

Дали да имаме велосипедска патека или не?

Моја Струмицо во прилог имате 2 фотографии на истата улица Маршал Тито попозната како стара чаршија, на првата фотографија е улица, со уредено паркирање, заштитена вело патека, заштитен тротоар попречен за паркирање врз него, што всушност е со закон строго забрането.

Само вие и вашето мислење ќе биде пресудно, дали да оставиме можност да се узурпираат тротоари кои се ваша сопственост, дали да се градат дивоградби на земјиште на народот, пешаците, државно земјиште!

Од нас зависи драги мои, дали сакаме ред, или сакаме хаос?

Сакаме чисти тротоари или тротоари со возила, сакаме зелени површини или дивоградби?,, напиша градоначалникот Костадинов на социјалните мрежи.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago