Советот на Општина Радовиш ја одржа 66 седница, со мали процедурални забелешки околу дневниот ред и едно советничко прашање
Советот на Општина Радовиш ја одржа 66 седница со дневен
ред од триесетина точки, со мали процедурални забелешки околу дневниот ред. Како
дополнување на Дневниот ред беа предложени три точки. Барање за промена на член
на Училишнио одбор на ООУ Орце Николов во С. Ињево. Предлог за отповикување на
член на Училишниот одбор на СОУ Коста Сусинов и Барање за делегирање на член на
на училишниот одбор во ОУ Коста Рацин од Подареш.
По однос на овие точки советникот Јован Ристов изнесе
свое мислење зошто некои членови на училишни одбори треба да се променат.
Советникот Панче
Николов имаше забелешка по однос на точката од денвниот ред Предлог -одлука за подигање
на спомен обележје – биста на ликот на патронот на училиштето Никола карев, во
склоп на ОУ „Никола Карев“од Радовиш, бидејќи бистата е веќе поставена. Самата постапка
ја појасни претседателот на Советот Страхил Гавритов. Одредено појаснување
околу оваа точак даде и советникот Јован Ристов кој рече дека не се сомнев во законитоста
на постапката но најверојатно бистата е веќе изградена поради патрониот празник
на училиштето.
На седницата беше поставено само едно советничко прашања
од страна на советникот Панче Николов до градоначалникот Ацо Ристов на кое поради
отсуството на градоначалникот, советникот
ќе добие писмен одговор.
Николов праша какви биле импресиите на премиерот Мицкоски
при неодамнешната посета на Радовиш по повод започнувањето на реконструкцијата
на старата Стоковна куќа, од динамиката на изградба на Градскиот пазар во
Радовиш.