Радовиш
Советот на Општина Радовиш ја одржа 66 седница, со мали процедурални забелешки околу дневниот ред и едно советничко прашање
Објавено на
Од
Media PressСоветот на Општина Радовиш ја одржа 66 седница со дневен ред од триесетина точки, со мали процедурални забелешки околу дневниот ред. Како дополнување на Дневниот ред беа предложени три точки. Барање за промена на член на Училишнио одбор на ООУ Орце Николов во С. Ињево. Предлог за отповикување на член на Училишниот одбор на СОУ Коста Сусинов и Барање за делегирање на член на на училишниот одбор во ОУ Коста Рацин од Подареш.

По однос на овие точки советникот Јован Ристов изнесе свое мислење зошто некои членови на училишни одбори треба да се променат.
Советникот Панче Николов имаше забелешка по однос на точката од денвниот ред Предлог -одлука за подигање на спомен обележје – биста на ликот на патронот на училиштето Никола карев, во склоп на ОУ „Никола Карев“од Радовиш, бидејќи бистата е веќе поставена. Самата постапка ја појасни претседателот на Советот Страхил Гавритов. Одредено појаснување околу оваа точак даде и советникот Јован Ристов кој рече дека не се сомнев во законитоста на постапката но најверојатно бистата е веќе изградена поради патрониот празник на училиштето.
На седницата беше поставено само едно советничко прашања од страна на советникот Панче Николов до градоначалникот Ацо Ристов на кое поради отсуството на градоначалникот, советникот ќе добие писмен одговор.
Николов праша какви биле импресиите на премиерот Мицкоски при неодамнешната посета на Радовиш по повод започнувањето на реконструкцијата на старата Стоковна куќа, од динамиката на изградба на Градскиот пазар во Радовиш.
Поврзани содржини

Петар Јанков е избран за претседател на Советот на градоначалници на Југоисточниот плански регион

Општинската изборната комисија им ги додели уверенијата на градоначалникот Сарамандов и на новите членови на Советот на Општина Гевгелија

ОИК ги додели уверенијата на новиот градоначалник на Општина Радовиш Љупче Почивалец и на новите членовите на Советот на Општина Радовиш

На одржаната 64 седница на Совет на Општина Радовиш, беа разгледани и усвоени повеќе Предлог Одлуки и Предлог Заклучоци

Перо Костадинов: Буџетот е инклузивен и граѓански, има развојна компонента, предвидува капитални инвестиции

78 точки на дневен ред на денешната 53-та седница на Советот на општина Радовиш
Радовиш
Заврши Меѓународната трибина за архитектура и градителство во Радовиш
Published
1 месец agoна
октомври 7, 2026By
Media Press
Повеќе од 70 студенти по архитектура и градежништво, мајстори и граѓани присуствуваа на предавањата и практичните вежби распоредени во текот на три дена.
На трибината уште еднаш беше отворено прашањето за аргументите и „оправданоста“ од употребата на индустриски градежни материјали при реставрација и реконструкција на спомениците на култура.
Во тој контекст, пред студентите беа презентирани практични вежби на тема „Заборавени градителски системи“, преку кои учесниците имаа можност непосредно да се запознаат со традиционалните техники и начини на градење.

Центарот за културно наследство „С и К“ од Радовиш изразува јавна благодарност до наставните тимови на Факултетот за архитектура и дизајн при Американ Колеџ – Скопје и Архитектонскиот факултет при УКИМ – Скопје, кои со своето присуство и учество го збогатија овој значаен културно – едукативен настан.
Трибината претставуваше можност за размена на знаења и искуства меѓу студентите, стручните лица, мајсторите и граѓаните, за зачувување и афирмација на традиционалните градителски системи.
ЦКН „С и К“ – Радовиш
Георги А. Кочев, диа.
Радовиш
Радовиш домаќин на меѓународната трибина „КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО“
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
Од 1 до 3 октомври 2026 година, Радовиш ќе биде домаќин на Меѓународната трибина за архитектура и градителство „Културно наследство“, која ќе обедини архитекти од пракса, универзитетските професори, историчари на уметност и уметници околу едно од најзначајните прашања на современото време – зачувување и афирмација на културното наследство.
Во текот на тридневната програма, покрај стручните предавања и теоретската настава, ќе се реализираат и практични вежби посветени на традиционалните градителски системи, природните градежни материјали и традиционалните техники на градење.
На трибината се очекува учество на имиња од земјата и странство, а свеченото отворање ќе биде збогатено со музичко-балетски перформанс и изложба на дела од еминентниот македонски академски сликар Мирослав Миро Масин.
Покровител и организатор е Центарот за културно наследство „Самун и Каднка“, со поддршка од ALKONING – Софија – Претставништво Македонија, Кнауф Македонија и Општина Конче.
Традицијата и културното наследство како темел и иднина.
Учесници
– арх. Никола Кипровски – Белгија
Архитектура и некои природни материјали
– проф, др. Минас Бакалчев
Хроника на една школа:
Архитектонска летна школа во манастирот Св. Јоаким осоговски, 1992 – 2017
– проф. др. Донка Барџиева Трајковска
Средновековните градителски системи и реставрацијата на византиските цркви
– Во рамките на „Трибината за архитектурата во Радовиш“, својата поддршка ја даваат студентите од трета година на Факултетот за Архитектура и Дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, со семестралниот проект „Градски хотел во Радовиш – ново обележје на градот“.
Тема: проектирање на Хотел како современо архитектонско обележје, втемелено во локалниот контекст, инспирирано од традицијата – насочено кон иднината. Преку студентските проектни решенија се отвора простор за критичко преиспитување на односот меѓу архитектурата, градскиот идентитет и современите развојни текови.
Наставен тим: проф. Виолета Бакалчев,
доц. Бранислава Ѓорѓевиќ
доц. Нина Карангелеска.
– арх. Викторија Митева
Ревитализација на централното градско подрачје во Радовиш – Магистерски студии – МИТ универзитет
– Проекција на документарен филм за југословенскиот архитект Богдан Богданович
– СПЕЦИЈАЛЕН СПОНЗОР – АЛКОНИНГ – Софија, преставништво Скопје
арх. Ивана Цимешиќ
– Стаклени фасади како интеграција на современата архитектура во историски јадра.
– маш.инг. Славе Ѓоргиев – КНАУФ Македонија
Аналогија помегу античките системи за греење, ладење и вентилација и современите системи на Кнауф.
ПРАКТИЧНА НАСТАВА
– Васила Трајковски – зограф и конзерватор – средновековни градителски системи
– арх. Ѓорги Ѓоргиев – Бугарија – сводови, куполи и арки
– Дејан Спасович скулптор и градител – заборавени градежни техники со глина, вар, тула, дрво и камен
Организатор ЦКН Радовиш, селектор – арх. Георги А. Кочев
Радовиш
Пронајдени и одземени дабови дрва по извршен претрес во домот на лице од радовишко Коџалија
Published
2 месеци agoна
септември 11, 2026By
Media Press
На 10.09.2026 во 14:40 часот во с.Коџалија, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-Полициска станица Радовиш во координација со Шумска полиција и Шумско подрачно стопанство Радовиш, со судска наредба извршија претрес во домот на И.Д.(47) од село Коџалија.
При претресот биле пронајдени и одземени дабови дрва за кои не поседувал соодветна документација. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!



