Радовиш

По повод патрониот празник, oткриена бистата на Никола Карев во дворот на училиштето во Радовиш

Со свечена церемонија за откривање на бистата на Никола Карев во дворот на ОУ „Никола Карев“ во Радовиш, беше одбележан патрониот празник на училиштето во присуство на ученици, вработени и голем број поканети гости. Церемонијата беше збогатена со пристигнување на коњаница интонирање на македонската химна и подигање на знаме, како и читање на крушевскиот манифест од страна на учениците.

Свеченото откривање на бистата беше извршен од страна на диркторот на училиштетот Кире Јанковски , градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов и авторот на бистата вајарот Далибор Николовски Дачо.

Директорот на училиштето Кире Јанковски искажа благодарност до сите кои помогнаа да се реализира оваа активност посебно до донаторите на бистата  фамилијата Ѓоргиеви, помагателите Општина Радовиш, Ѓуровски, Лаки ММ , ГП Техника, дијаспората од Чикаго, а дел од средствата за оваа активност се обезбедени од буџетот на ООУ Никола Карев.

Во продолжение следуваше читање на Омаж на Никола Карев од страна на Кочо Топузовски, најпознатиот публицист на Карев и илинденската епопеја, како и читање на ученички творби од учениците.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago