Радовиш

Општина Радовиш ќе субвенционира набавка на велосипед, до 50% од вредноста, но не повеќе од 6000 денари

Општина Радовиш објави ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на купување на велосипед.

За користење на финансиски средства од буџетот на Општина Радовиш за 2025 година, за субвенционирање на физички лица – жители на Општина Радовиш за надоместување на дел од трошоците за купен велосипед согласно Програмата за Локален Економски Развој, на Општина Радовиш за 2025 година, општината објави Јавен Повик.

Финансиските средства предвидени во Програмата за Локален Економски Развој oд Буџетот на Општина Радовиш за 2025 година ќе се доделуваат на физички лица – жители на Општина Радовиш по поднесено барање за субвенционирање на дел од трошоците по основ на купен велосипед.

Право на користење на финансиски средства имаат физичките лица кои ќе набават-купат велосипед од минимум 26” (инчи) од денот на објавувањето на јавниот повик до денот на завршување на повикот и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипед.

На барателот/физичкото лице ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавката/купувањето на велосипед во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе  од 6.000,00 денари.

Јавниот повик трае 30 дена од денот на објавувањето. Јавниот повик ќе се реализира по принципот “Прв дојден, прв услужен“. Јавниот повик се преќинува доколку се утврди дека се исцрпени сите предвидени финансиски средства пред официјалниот истек на јавниот повик, при што Општина Радовиш ќе ја информира јавноста на својата веб страна и на огласната табла дека повикот се преќинува поради исцрпеност на предвидените финансиски средства и дека повеќе нема да се примаат барања за овој повик.

Право на поднесување на барање

Право на поднесување на барање за субвенционирање на дел од трошоците по основ на купен велосипед имаат сите физички лица со живеалиште во Општина Радовиш, кои ги исполнуваат условите на овој јавен повик. Право на поднесување на барање за субвенционирање на дел од трошоците по основ на купен велосипед немаат вработените во ЕЛС Општина Радовип и нивното потесно семејство (лицата во брачна заедница и нивните деца).

Критериуми за физичките лица кои ќе поднесат барање на овој повик се:

  • Да се жители на Општина Радовиш;
  • Да немаат добиено финансиски средства за набавка на велосипед од било кој извор во       Р. С. Македонија (не го искористиле правото на субвенционирање по овој основ);
  • Велосипедот да го купил од денот на објавување до денот на завршување на јавниот повик;

Потребна документација:

  • Барање за субвенција (барањето со изјавите може да се подигнат во архивата на општина Радовиш или на веб страната на Општина Радовиш);
  • Фотокопија од важечка лична карта на барателот, како доказ дека е жител на Општина Радовиш;
  • Фотокопија од трансакциска сметка на барателот;
  • Доказ дека е извршено купување на велосипед и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на јавниот повик, односно до денот на исцрпување на средствата по овој основ;
  • Изјава дека барателот нема искористено право на поврат на средства за набавка на велосипед на друг јавен повик од било кој извор во Р.С.Македонија и дека велосипедот нема да го оттуѓи за период од 2 (две) години;
  • Изјава за користење на лични податоци;

Поднесување на барањето:

Барањето со пропратната документација треба да биде доставено во затворен плик.

Рокот за поднесување на пријавите е 30 дена од објавувањето на јавниот повик сметано   од 16.04.2025 година а заклучно до 15.05.2025 година, секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот.

Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично до архива на адреса:

Општина Радовиш , Бул.„Александар Македонски“ Бр.7, Радовиш  

На пликот во горниот лев агол треба да стои: „Не отварај“, а во долниот десен агол: “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на физички лица за купување на велосипед.“

Напомена: Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago