Радовиш

Велигденска работилница и посета на маскотата „Детелинка“ од радовишката компанија МАКОМ во ДГ „Ацо Караманов“ Радовиш, по повод Велигден

Со велигденска работилница и посета на маскотата „Детелинка“ од радовишката компанија Маком, детската градинка „Ацо Караманов“ од Радовиш ќе ги дочека Велигденските празници. Дечињата радосни бојадисуваат јаца, симбол на христовото воскресение.

„Секоја година по повод големиот христијански празник Велигден, организираме работилница, базар и други активности со цел да ги запознаеме дечињата со нашата традиција, со празникот и со обичаите. Им благодарам на сите наши вработените кои со многу љубов ги реализираат сите овие активности како и на родителите кои секогаш не подржуваат. Благодарност и на компанијата Маком која и годинава ги израдува дечињата со велигденско пакетче“ вели диркторката на градинката Кристина Бехлимова Трајкова.

Радовишката компанија Маком веќе десетина години им подарува велигденски пакетчиња на дечињата во детските градинки во Радовиш. Годинава подари околу 440 пакетчиња и како што велат од Маком традицијата ќе продолжи и во иднина.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago