Василево

Пролетно уредување на селските патишта во Општина Василево

Општина Василево продолжува со активности на пролетно уредување на селските патишта,  нивно рамнење и тампонирање, неопходни активности за подобрување на нивната состојба после зимскиот период и пролетните врнежи. Последни вакви активности реализирани се во населените места Радичево и Висока Маала.


„Израмнет и тампониран дворот на манастирот Св.Ѓорги во Радичево. Тампонирана улица во Радичево.Тампонирана улица во Висока Маала“, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов за последните активности во делот на подобрување на локалната патна инфраструктура во општината.


Во изминатиот период активности од овој тип беа реализирани уште во неколку населени места, односно тампонирани беа дел од полските патишта во Градшорци, Пиперево, во Василево во месноста трски, а во населеното место Чанаклија, целосно е санирана главната улица, информираат од општината.
Овие активности општината ги реализира во соработка со ЈПКД „Турија“, Василево.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago