Македонија

Фирми од градежниот сектор од Радовиш и Струмица се на листата за одземање на лиценци

Во тек е обемна контрола на издадените лиценци, во постапка на одземање се 479 лиценци во делот на градежното работење и урбанистичко планирање, информира министерот за транспорт и врски Александар Николовски. На листата за одземање на лиценци си најдоа и фирми од регионот, односно 2 фирми од Радовиш, 7 од Стумица, 4 од Гевгелија и по една од Валандово, Стар Дојран и Ново Село.

Министерството за транспорт во рамки на своите надлежности врши ад хок контрола на издадените лиценци и дозволи за работа во делот на градежното работење и урбанистичкото планирање, информира Николовски.

Од досегашните контроли на над 3100 лиценци се констатира следната состојба:

Кај 479 лиценци констатирано е дека по издавањето на лиценците правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои истите се издадени поради тоа се ќе се донесат решенија за одземање и тоа:

  • на 73 правни лица  лиценца А за изведувач на градби од прва категорија
  • на 228 правни лица  лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија,
  • на 9 правни лица  лиценца А за надзор над изградбата на градби од прва категорија,
  • на 32 правни лица  лиценца Б за надзор над изградбата на градби од втора категорија,
  • на 32 правни лица  лиценца А за проектирање на градби од прва категорија,
  • на 78 правни лица  лиценца Б за проектирање на градби од втора категорија,
  • на 7 правни лица  лиценца  Б за ревизија на проектна документација на градби од втора категорија,
  • на 3 правни лица лиценца А ревизија на проектна документација на градби од прва категорија,
  • на 2 правни лица лиценца за управител за одржување на објекти од прва и втора категорија,
  • на 2 правни лица лиценца управител на градба
  • на 13 правни лица лиценца за изработка на урбанистички планови.

Ве информираме дека и во следниот период Министерството за транспорт ќе продолжи со конторолите на издадени дозволи и лиценци согласно своите надлежности со цел да го осигура почитувањето на законските прописи и правниот поредок во државата и да се овозможи рамноправност за сите правни лица.

Целокупниот список ќе биде доставен до Министерството за внатрешни работи, до Јавното обвинителство, до ЗЕЛС и останати засегнати институции со цел за понатамошни постапки. 

Во прилог листата со правни лица за одземање на лиценци: https://www.mtc.gov.mk/…/Lista-na-pravni-litsa-za…

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago