Сите инспекциски служби се на терен информира градоначалникот
на Општина Струмица Костадин Костадинов.
Врз основа
на добиена Наредба Бр.09-2052/1 од 21.03.2025 година, донесена од страна на
Градоначалникот на општина Струмица, која се однесува на вршење на вонреден
инспекциски надзор над субјекти кои вршат угостителска дејност во објектот и
надвор од објектот, на ден 24.03.2025 година од страна на општинските градежни
инспектори, комунални инсектори, инспектор за животна средина, извршени се
заеднички надзори над 8 правни субјекти.
За сите
правни субјекти од страна на општинските инспектори согласно делокругот на
надлежност од материјалните закони и согласно утврдената фактичка состојба од
лице место изготвени се:
-Општински
градежен инспектор 8 Записници од извршен вонреден инспекциски надзор во кои се
утврдени 8 неправилности, и за истите ќе бидат превземени инспекциски мерки
согласно одредбите од член 132 од Законот за градење.
-Општински
комунален инспектор 6 Записници од извршен вонреден инспекциски надзор од кои
во 4 се утврдени неправилности, за кои ќе бидат донесени Решенија со рок за
отстранување на неправилностите, а во 2 е констатирано дека нема неправилности
во поглед на користење на јавните површини, согласно одредбите од Законот за
јавна чистота.
-Општински
инспектор за животна средина 8 Записници од од извршен вонреден шинспекциски
надзор во кои се утврдени 7 неправилности, за кои ќе бидат донесени решенија Со
рок за отстранување на неправилностите, согласно одредбите од Законот за
животна Средина и Законот за управување со отпад.
Согласно
извештаен период од 01.01.2025 до 23.03.2025 од страна на секторот за
инспекциски работи извршени се 226 надзори, соопштуваат од
Општина Струмица.