Радовиш

ИЗВЕСТУВАЊЕ до корисниците од Првата и делови од Петтата урбана заедница од Радовиш

ЈП Плаваја од Радовиш ги известува граѓаните од Прва и Петта урбана заедница во Радовиш дека во четврток 27 март ќе има прекин во водоснабдувањето.

„Ви најавуваме дека во четврток 27 март 2025 година од раните утрински часови (7:00 часот) ќе се започне со замена на главен вентил на магистрална водоводна линија Ф250. За време на изведување на работите ќе има прекин на водоснабдувањето на наведеното подрачје и потребно е да си обезбедите потребни количини на вода за задоволување на Вашите потреби за вода“, соопштуваат од ЈП Плаваја Радовиш.

„Вентилот што се менува е премногу стар, условите за работа во шахтата не се соодветни бидејќи истата е изградена пред повеќе од 50 години, сето ова е можен услов за непредвидливо траење на работите за замена поради можни компликации, затоа не сме во состојба да го предвидиме завршувањето на работите прецизно. Според нашето искуство и оперативните стандарди на претпријатието, очекуваме работите да траат најкасно до 14:00 часот, после што системот постепено ќе постигнува хидраулична рамнотежа и ќе влезе во стационарна состојба“, стои во известувањето од ЈП Плаваја.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago