Хрватска им пружа помош на настраданите во трагедијата во Кочани.
Имено, заедно со Грција, Бугарија, Србија и Турција, рака на помош на
настраданите од големата трагедија во Македонија, каде во пожар во дискотека
загинаа најмалку 59 лица, подава и Хрватска. Од 150 повредени, повеќе од 40 се
во критична состојба.
Познато е и како ќе изгледа третманот на пациентите на Клиниката за
трауматологија. Предвидено е да се дефинира тежината на нивните повреди,
степенот на изгореници и повреди на други телесни функции, со оглед на тоа што
преживеале тешка психофизичка траума. Потоа се подготвува план за лекување.
„Со оглед на тоа што станува збор за пациенти кои изгореле во затворен
простор, очекуваме дека ќе бидат потешко изгорени со некаква процедура со
поголема површина на кожата. Очекуваме да имаат изгореници со вдишување,
односно изгореници на респираторниот тракт“, изјави за ТВ „Дневник Нова“ Тихана
Магдиќ Турковиќ од Клиниката за трауматологија.
Клиниката е избрана поради постоење на специјализиран центар за изгореници,
а има и банка за ткиво.
“Колегите од тој оддел всушност се занимаваат со растење на кожата, која е
неопходна за вакви тешко изгорени пациенти во доцните фази на лекување во однос
на трансплантацијата“, вели Магдиќ Турковиќ.
Времето за опоравување зависи од тежината на повредите, но брзата реакција
придонесува за севкупниот успех, пишува dnevnik.hr.
Од друга страна, граѓаните на Кочани почнуваат да ја земаат правдата во
свои раце. Имено, по големиот собир пред општината во Кочани, гневни луѓе се
упатиле кон куќата на градоначалникот во оставка Љупчо Папазов.
Таму ги пречека полициски кордон, но луѓето не се откажаа во намерата и
сакаа да го пробијат кордонот и да ја каменуваат куќата. Во тој момент пред
куќата се појавил свештеник кој јасно порачал „Ајде прво да ги закопаме нашите
деца, а потоа ќе го запалиме градот ако сакате“.
Демолиран е и другиот локал „Класик“ на сопственикот на дискотеката.
.