Македонија

Барање на граѓаните на Кочани: Медиумите да не објавуваат снимки и фотографии, политиката да ги тргне рацете од трагедијата!Корупцијата ја запали оваа ноќ!

Почитувани медиуми, портали, сите што известувате за оваа трагедија.

Размислувате ли пред да објавите? Ги гледате ли насловите што ги пишувате? Дали сте свесни дека овие имиња што ги објавувате не се само бројки.Тоа беа нечии деца. Нечии браќа, сестри, родители. Овој град е мал. Секој од нас загуби некого. Секој од нас познава барем две три жртви. И секој од нас ќе живее со оваа болка засекогаш. Дали за вас е „добра содржина“ да објавувате видеа и слики од родители што стојат пред болница, со солзи, со раце што се тресат, со срца што им се кинат?

Дали сметате дека треба да се споделуваат моменти кога татко се урива на колена, викајќи од болка? Кога мајка, која девет месеци носела живот во себе, го доела, го чувала од секое зло сега стои скршена, без надеж, без сила, без своето дете.Дали навистина ова ви изгледа како нормална објава? Дали е вредно за кликови и лајкови?

Родители изгубија единствени синови, единствени ќерки. Сите соништа што ги имале, сите години љубов, сите жртви што ги направиле избришани за една ноќ.155 семејства сега не дишат, не спијат, не живеат само чекаат. Со телефонот во раце, со надеж, со молитви. Во секоја болничка соба има по едно дете што се бори за живот.

По една мајка што го држи за рака и шепоти: „Сине, бори се, ќерко, бори се“.А вие Објавувате снимки од нивните солзи. Ја продавате нивната болка за кликови. Ја споделувате нивната трагедија како сензација. Го Почитуваме секој ваш збор на поддршка, но немојте да ни ја крадете тагата. Не ја претворајте во содржина за гледаност.

Не смеете да ги делите моментите на очај, на распад, на изгубена надежСите партии се соучесници во ова! Оваа дискотека постои веќе 15 години, во времето на сите власти. Политиката ги уби нашите деца. Корупцијата ја запали оваа ноќ.

Не ни требаат вашите политички пресови, ниту обвинувања меѓу вас. Не сакаме ни опозиција, ни власт да ја користат оваа трагедија за политички поени. Овојпат од вас бараме нешто друго сплотете се, обединете се, еднаш засекогаш!Во сите страни има по некој добар човек.

Соберете сила, најдете ги тие луѓе и исчистете ја оваа држава од темел! Ништо повеќе нема да биде исто. Нема повеќе толеранција за корупцијата и за вашето збогатување на грбот на граѓаните! Секој што има вина, за најмал детал, мора да одговара без селективност, без компромиси! Сега гледаме во Кочани ги обвинуваат најситните, најмалите. Обезбедувањето на дискотеката луѓе што таа ноќ спасиле над 100 животи се на тапет. Да, ако имаат вина, нека одговараат. Но, не застанувајте овде!

Оваа дискотека 15 години добивала дозволи. Кој стоеше зад тоа? Кој потпишуваше документи?Правдата нема да ја најдете во казнување на најслабите. Овојпат, мора да паднат и тие што со години ја градат оваа корумпирана пирамида!

Извор: https://www.facebook.com/ultraskocani1

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago