Македонија

Филипче: Ова не е време за политички пресметки, туку за единство и правда

Ви се обраќам денеска, со навистина тешко срце во овие моменти на огромна и на длабока тага. Вчера се загубија млади животи, семејства останаа без најблиските без најдрагоценото, без своите деца. Цели генерации останаа со болка којашто никогаш нема да може да се надмине. Ова е трагедија којашто ја потресе целата земја и навистина остава трага која никогаш нема да се избрише. Дозволете ми уште еднаш да упатам најискрено сочувство до семејствата на загинатите.

Во текот на вчерашниот ден бев присутен на клиниката и таму се сретнав со дел од семејствата со еден дел од нив поразговарав, тоа се дел од семејствата коишто имаат свои најбликси на лекување. Разговарав и со колегите, направивме стручни консултации. Ги видов напорите на колегите, видов како и тие сочувствуваат со болката на семејствата. Сакам да ги уверам семејствата дека тие се одлично згрижени, одлично распределени, лично ги знам сите кои учествуваат во вој процес на лекување, лично ја знам нивната експертиза и сакам да ги уверам семејствата дека нивните најблиски се во добри раце и дека колегите се борат за секој еден живот.Сега е потребна поддршка на тие семејства, потребна е поддршка и семејствата на загинатите.

Апелирам до министерот Таравари да формира мобилни тимови и тие тимови бидат Клиниката за психијатрија бидат на располагање на семејствата во Кочани, да се разговара посебно во пресрет на тоа што таму сега ќе следува. Мислам дека таква помош е многу потребна.Ние сме денеска рането општество, довербата во институциите е срзоена. Ако сакаме таа доверба да ја вратиме мора да има целосна, транспарентна и објективна истрага. Никој не смее да биде поштеден – ниту актуелни, ниту поранешни функционери или службеници. Тоа не е прашање на политика, тоа е прашање на вистина и на правда.

Трагедијата е преголема за да се дозволи сенка на сомнеж, затоа што ако постои и најмала индиција дека некој се штити, тоа ќе биде удар врз целото општество. Затоа апелирам до истражните органи, обвинителството, редовно да се известува ако треба и два пати во денот, што точно се прави за да се спречат шпекулации. Потребна е одговорност на секој еден,потребна е одговорност на сите нас како граѓани. И ни е потребно единство, ова не е време за политички пресметки. Треба да покажеме човечност, а јас и ветувам дека нема да дозволам политизирање на целиот овој процес, исто како што нема да дозволиме некој да биде поштеден и како опозиција будно и интензивно ќе пратиме овој процес да оди во правилна насока.

Ние сме одговорна и државотворна партија. Излегуваме во пресрет на сите иницијативи кои водат кон идентификување на причините. Истовремено како партија го нудиме целиот наш капацитет чоевчки и интелектуален да помогнеме во овој процес.Ова е ситуација во којашто мора да сме сплотени и да покажеме верба во принципите.

Секој акт на морална одговорност од наша страна ќе биде поздравен. Апелирам безбедносните служби да пратат евентулнли насоки, сигнали за прелевање на некакви кризи од семејставата, тоа на нашето мултикултурно и мултитничко општество не му е потребно.Трагедиите можат да уништат една нација, но и да ја зајакнат. Од нас зависи како ќе излеземе од сето ова – како држава што научила лекција и донела правда, или како општество што дозволило ова да се заборави.

Вечна им слава на починатите. Македонскиот народ нема да ја заборави оваа трагедија, а наша одговорност е да осигураме дека ова никогаш повеќе нема да се повтори.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago