Радовиш

ОО на Црвен Крст, Радовиш на свечен начин го одбележа јубилејот 80 години Црвен крст на Република Македонија

По повод значајниот јубилеј 80 години постоење на Црвен Крст на Република Македонија,  ОО на Црвен Крст од Радовиш организира свечен настан на кој беа присутни градоначалници и претставници од Општина Радовиш и Општина Конче, соработници, донатори и директори на јавни институции. Настанот се одржа во Музејот на Љубовта и уметноста во Радовиш под мотот ,,80 години – Ние гледаме луѓе”.

На почетокот присутните ги поздрави претседателот на Црвен крст од Радовиш, Ванчо Коцев кој се заблагодари на сите за соработката и поддршката која им ја дават.

Овој настан беше посветен на долгогодишната посветеност и континуираната работа на Црвен Крст, која во текот на овие 8 децении оставила неизбришлива трага во животот на многу граѓани во нашата држава.

На настанот беше презентирана досегашната работа на организацијата, која несебично ја исполни својата мисија да помага и да ги поддржува оние на кои им е најпотребно.

Во рамки на настанот, претседателот на Црвен Крст на Република македонија Проф д-р Ромел Велев додели признанија за поддршка и успешна соработка на двајцата градоначалници,  на Ацо Ристов градоначалник на Општина Радовиш и Златко Ристов градоначалник на Општина Конче.

Градоначалникот Ацо Ристов рече дека ќе продолжат и понатаму заедно да функционираат со Црвен Крст бидејќи како што рече ние сме едно и работиме во интерес на народот.

Беше спроведено и кратко интервју со командирот на ТППЕ од Радовиш Александар Кулашиќ за тоа како се озведува една симулациона вежба.

Генерален покровител на целиот настан беше проф, д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора Инженеринг (Адора Бизнис Груп) од Скопје.

„Црвен Крст на Република Македонија продолжува да биде столб на хуманитарната работа, а 80 години по своето основање, организацијата и понатаму остава силен и траен впечаток на сите кои се дел од нејзината мисија, рече претседателот на Црвен крст Ромел Велев .

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago