Поради
периодот на настапување на повисоки температури, развој на бујна вегетација и
човечкиот фактор кој е посочен како причинител, каде во овој период од
годината, земјоделците ги подготвуваат површините за сеидба,
се забелжани
палења на стрништа, меѓи, плевел и друг отпад.
Со тоа се
појавува потенцијална опасност за настанување на пожари, кои би ја загрозиле
животната средина и претставуват закана по животот на граѓаните.
Од тие причини ЕЛС Општина Радовиш, упатува предупредување и АПЕЛ за
внимателно и одговорно однесување до сите лица кои работат или се движат во
шуми и на отворен простор:
Да не се пали оган на отворен простор и на
необезбедени места
Да не се палат стрништа, земјоделски и други
површини
Да не се врши палење на отпад и друг горлив
материјал
Да не се фрлат отпушоци од цигари и догорчиња.
„Доколку
се забележи пожар на отворен простор, граѓанска должност на секој граѓанин е
најбрзо што може да пријави во надлежните институции, исто да се пријави и
евентуално затекнато лице кое врши предизвикување на пожар.
Намерното
или невнимателно предизвикување на пожар претставува кривично дело и подлежат
на високи законски санкции.
Да се
однесуваме совесно и да ја зачуваме природата заедно!“ стои во апелот
од општината.
Во случај на
пожар јавете се на следните телефони :
112 –
Единствен повикувачки број за итни повици достапен 24/7
193 -ТППЕ
–Територијална противпожарна единица
192 –
Полиција