Радовиш

На одржаната 64 седница на Совет на Општина Радовиш, беа разгледани и усвоени повеќе Предлог Одлуки и Предлог Заклучоци

На седницата беа разгледани 35 точки од донесениот дневен ред, и седум како дополнување на дневниот ред.

Градоначалникот Ацо Ристов пред Советниците на одржаната 64 седница на Советот на општина Радовиш го презентираше проектот „Реконструкција на Центарот за култура Ацо Караманов“ проект со кој Општина Радовиш аплицираше на повикот за инфраструктурни проекти. Градоначалникот појасни дека станува збор за средства во износ од 600 илјади евра со кои целосно внатрешно ќе се реконструира културниот дом, со целосно нов ентериер, ново гледалите и нова сцена.

-Досега биле правени неколку реконструкции но ниту една не била целосна и квалитетна, рече Ристов и притоа им се извини на граѓаните што останаа изминатата година без центар за култура и побара уште малку трпение.

Советниците на оваа седница разгледаа и усвоија повеќе Предлог Одлуки и Предлог Заклучоци. На почетокот Советниците имаа можност да постават советнички прашања на кои одговор даде Градоначалникот Ацо Ристов.

Советникот Јован Ристов постави прашање околу тоа што презема општината и како се подготвува за превентивна заштита од пожари, како резултат на тоа што веќе има неколку пожари предизвикани на отворен простор на кои интервенирала пожарната. Тој спомна и дали за пожарите кои се случија минатата година има некои снакции и казни за потпалувачите.

Советникот Панче Николов се надоврза на прашањето за тоа дали општината ќе ги санира полските патишта со цел полесно да се движат противпожарните возила.

Градоначалникот Ацо Ристов рече дека е потребно едукативна кампања за заштита од пожари и дека се подготвуваат за следната сезона со набавка на опрема за пожарната но и ќе предложи да биде изработен ценовник колку изнесува секоја акција на пожарникарите за потпалувачите, ако бидат откриени дека намерно го подметнале пожарот, да ги плати трошоците.

Ќе бидат инсталирани и термо камери за висок домет меѓу Радовиш, Штип и Карбинци.

За полските патишта тој рече дека за тоа е задолжено Јавното претријатие за стопанисување со води со средства од МЗШВ. Ние сме задолжени за чистење на депониите покрај патиштата рече Ристов.

На седницата беше усвоена и предлог одлуката за усвојување на Годишна завршна сметка на буџетот на Општина Радовиш за 2024 година и завршните сметки на основите училишта во општината и  на средното училишта Коста Сусинов како и на ДГ „Ацо Караманов“ во Радовиш, на ЦК „Ацо Караманов“ и на ОНБ Браќа Миладиновци во Радовиш.

На седницата беше донесена и Одлука за зголемување на износот на надоместокот за престој на деца во градинка, што паѓа на товар на родителите за 500 денари, донесена од управен одбор на градинката.  

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago