Радовиш
ЈЗУ Здравствен дом, Радовиш, по повод неделата на глаукомот успешно спроведе две акции за бесплатно мерење на очен притисок
Објавено на
Од
Media PressГолем интерес за мерење на очен притисок кај граѓаните од општините Радовиш и Конче. За два дена се прегледани 336 граѓани, од кои кај 31 е откриен покачен очен притисок.

Во организација на Здравствен Дом Радовиш успешно се спроведени две акции за бесплатно мерење на очен притисок во општините Радовиш и Конче, а по повод неделата на глаукомот. На вчерашната акција во Конче биле прегледани 192 пациенти и кај 19 биле откриен висок очен притисок. Денеска во Радовиш се прегледани 144 лица и кај 12 е откриен висок очен притисок.

Според директорот Стојанче Петров, оваа превентивна активност е наменета пред се за граѓаните кои наполниле 40 години, кои имаат некој од семејството што страда од глауком и оние кои имаат хипертензија или дијабет. Покачениот очен притисок се смета за главен фактор на ризикот при развојот на глауком.

„Глаукомот се дефинира како оштетување на очниот нерв, како резултат на покачен очен притисок. За негова дијагноза, мора да имаме некакви промени на очниот нерв. Ако имаме само покачен очен притисок, тоа се вика окуларна хипертензија. Ако имаме оштетување на очниот нерв, карактеристично по изглед за глаукомот, а истовремено нормален очен притисок, тоа се вика нормотензивен глауком, вели докторката Весна Пешева Јанковски офталмолог во ЈЗУ Здравствен дом, Радовиш.

Таа спомна дека денеска мерат со современ безконтактен апарат за кој се надеват дека наскоро ќе го имат и тие во очната амбуланта за полесно и побрзо мерење на очен притисок.
Засега тие вршат мерење по пат на анестезирање на корнеата и со апаратче со допир.
Нормалните вредности на очниот притисок се движат во распон од 8 до 21 mmHg. Според некои статистики, горната нормална вредност е 22 mmHg или дури 24 mmHg. Важно е да се напомене дека секое покачување на очниот притисок не значи дека личноста има глауком.
Доколку оваа состојба не се третира на време може да доведе до комплетно оштетување на очниот нерв кое резултира со слепило.

Поврзани содржини

По повод Неделата за борба против глауком Здравствен Дом – Радовиш организира бесплатно мерење на очен притисок

ЈЗУ „Здравствен дом“ Радовиш организира бесплатно мерење на очен притисок, по повод неделата на глаукомот

Бесплатен преглед на очен притисок во очната амбуланта во Здравствен дом – Радовиш, по повод Светска недела на глауком

ОО на Црвен Крст – Радовиш, во соработка со ЈЗУ Здравствен Дом -Радовиш, организира бесплатен преглед на очен притисок
Радовиш
Заврши Меѓународната трибина за архитектура и градителство во Радовиш
Published
1 месец agoна
октомври 7, 2026By
Media Press
Повеќе од 70 студенти по архитектура и градежништво, мајстори и граѓани присуствуваа на предавањата и практичните вежби распоредени во текот на три дена.
На трибината уште еднаш беше отворено прашањето за аргументите и „оправданоста“ од употребата на индустриски градежни материјали при реставрација и реконструкција на спомениците на култура.
Во тој контекст, пред студентите беа презентирани практични вежби на тема „Заборавени градителски системи“, преку кои учесниците имаа можност непосредно да се запознаат со традиционалните техники и начини на градење.

Центарот за културно наследство „С и К“ од Радовиш изразува јавна благодарност до наставните тимови на Факултетот за архитектура и дизајн при Американ Колеџ – Скопје и Архитектонскиот факултет при УКИМ – Скопје, кои со своето присуство и учество го збогатија овој значаен културно – едукативен настан.
Трибината претставуваше можност за размена на знаења и искуства меѓу студентите, стручните лица, мајсторите и граѓаните, за зачувување и афирмација на традиционалните градителски системи.
ЦКН „С и К“ – Радовиш
Георги А. Кочев, диа.
Радовиш
Радовиш домаќин на меѓународната трибина „КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО“
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
Од 1 до 3 октомври 2026 година, Радовиш ќе биде домаќин на Меѓународната трибина за архитектура и градителство „Културно наследство“, која ќе обедини архитекти од пракса, универзитетските професори, историчари на уметност и уметници околу едно од најзначајните прашања на современото време – зачувување и афирмација на културното наследство.
Во текот на тридневната програма, покрај стручните предавања и теоретската настава, ќе се реализираат и практични вежби посветени на традиционалните градителски системи, природните градежни материјали и традиционалните техники на градење.
На трибината се очекува учество на имиња од земјата и странство, а свеченото отворање ќе биде збогатено со музичко-балетски перформанс и изложба на дела од еминентниот македонски академски сликар Мирослав Миро Масин.
Покровител и организатор е Центарот за културно наследство „Самун и Каднка“, со поддршка од ALKONING – Софија – Претставништво Македонија, Кнауф Македонија и Општина Конче.
Традицијата и културното наследство како темел и иднина.
Учесници
– арх. Никола Кипровски – Белгија
Архитектура и некои природни материјали
– проф, др. Минас Бакалчев
Хроника на една школа:
Архитектонска летна школа во манастирот Св. Јоаким осоговски, 1992 – 2017
– проф. др. Донка Барџиева Трајковска
Средновековните градителски системи и реставрацијата на византиските цркви
– Во рамките на „Трибината за архитектурата во Радовиш“, својата поддршка ја даваат студентите од трета година на Факултетот за Архитектура и Дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, со семестралниот проект „Градски хотел во Радовиш – ново обележје на градот“.
Тема: проектирање на Хотел како современо архитектонско обележје, втемелено во локалниот контекст, инспирирано од традицијата – насочено кон иднината. Преку студентските проектни решенија се отвора простор за критичко преиспитување на односот меѓу архитектурата, градскиот идентитет и современите развојни текови.
Наставен тим: проф. Виолета Бакалчев,
доц. Бранислава Ѓорѓевиќ
доц. Нина Карангелеска.
– арх. Викторија Митева
Ревитализација на централното градско подрачје во Радовиш – Магистерски студии – МИТ универзитет
– Проекција на документарен филм за југословенскиот архитект Богдан Богданович
– СПЕЦИЈАЛЕН СПОНЗОР – АЛКОНИНГ – Софија, преставништво Скопје
арх. Ивана Цимешиќ
– Стаклени фасади како интеграција на современата архитектура во историски јадра.
– маш.инг. Славе Ѓоргиев – КНАУФ Македонија
Аналогија помегу античките системи за греење, ладење и вентилација и современите системи на Кнауф.
ПРАКТИЧНА НАСТАВА
– Васила Трајковски – зограф и конзерватор – средновековни градителски системи
– арх. Ѓорги Ѓоргиев – Бугарија – сводови, куполи и арки
– Дејан Спасович скулптор и градител – заборавени градежни техники со глина, вар, тула, дрво и камен
Организатор ЦКН Радовиш, селектор – арх. Георги А. Кочев
Радовиш
Пронајдени и одземени дабови дрва по извршен претрес во домот на лице од радовишко Коџалија
Published
2 месеци agoна
септември 11, 2026By
Media Press
На 10.09.2026 во 14:40 часот во с.Коџалија, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-Полициска станица Радовиш во координација со Шумска полиција и Шумско подрачно стопанство Радовиш, со судска наредба извршија претрес во домот на И.Д.(47) од село Коџалија.
При претресот биле пронајдени и одземени дабови дрва за кои не поседувал соодветна документација. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!



