Радовиш

ЈЗУ „Здравствен дом“ Радовиш организира бесплатно мерење на очен притисок, по повод неделата на глаукомот

По повод неделата на глаукомот ЈЗУ Здравствен Дом Радовиш организира бесплатно мерење на очен притисок, во четврток 13.03 во здравствената амбуланта Конче од 8 до 11 часот и во петок 14.03 во очната амбуланта во Радовиш од 9 до14 часот .

Оваа превентивна активност е наменета пред се за граѓаните кои наполниле 40 години, кои имаат некој од семејството што страда од глауком и оние кои имаат хипертензија или дијабет.

Покачениот очен притисок се смета за главен фактор на ризикот при развојот на глауком. Некои вредности можат да покажат симптоми на очен притисок.

Нормалните вредности на очниот притисок се движат во распон од 8 до 21 mmHg. Според некои статистики, горната нормална вредност е 22 mmHg или дури 24 mmHg. Важно е да се напомене дека секое покачување на очниот притисок не значи дека личноста има глауком.

Глаукомот се дефинира како оштетување на очниот нерв, како резултат на покачен очен притисок.  За негова дијагноза, мора да имаме некакви промени на очниот нерв. Ако имаме само покачен очен притисок, тоа се вика окуларна хипертензија. Ако имаме оштетување на очниот нерв, карактеристично по изглед за глаукомот, а истовремено нормален очен притисок, тоа се вика нормотензивен глауком.

Механизмот за настанување на глаукомот е различен, па на основа на тоа има и различни поделби на глаукомот, а од таму и различен третман. Заедничко за сите е преголемата количина на очна вода која се задржува во окото, или нарушен проток на истата што доведува до насобирање и висок притисок врз структурите во окото.

Некогаш застојот е резултат на анатомската градба на окото, друг пат како резултат на таложење на различни материи во одводниот систем на окото.

Доколку оваа состојба не се третира на време може да доведе до комплетно оштетување на очниот нерв кое резултира со слепило.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago