Радовиш

Гужви пред шалтерот на ЕВН во Радовиш, граѓаните добивале сметки и по 13 илјади денари, поднесуваат жалби

Утринава пред канцеларијата – шалтер на ЕВН во Радовиш голем број граѓании чекаа ред за да поднесат жалба за високите сметки за струја кои ги добија за претходниот месец.

Револтирани од ваквата ситуација тие не сакаа да зборуват пред камера но јасно кажаа дека тоа не е нормално.

-Добив сметка висока 13.000 денари, не ми се верува, а се грејам на дрва, штедам и пак висока сметка. Ќе се жалам па ќе видиме што ќе биде“, вели една од присутните која чекаше ред пред шалтер.

-Мојата е 9.000 денари, прв пат во животот добивам толкава сметка, а ништо не сум променил дома, исто трошам како и порано“, вели друг граѓанин.

Со сличен коментар беа и останатите граѓани. Се чудат што ги снашло и не гледат излез освен да се жалат.

Но се поставува прашањето дали треба сите граѓани да се жалат, бидејќи според наши сознанија и контакти со граѓаните, сите добиле високи сметки за последниот месец од 5.000 до  8.000 па и до 13.000 денари.

Кој е одговорен за ваквата ситуација засега никој не излегува со известување.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago