Струмица

Градоначалникот Костадинов возврати на советникот Ристов: Зборуваш за празни објави и бараш факти, еве ја спогодбата и записниците

Градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов возврати на советникот од ВМРО ДПМНЕ Владимир Ристов, кој во својата изјава рече дека Костадинов треба само да ги реализира своите обврски, а не да измислува конструкции.

„Почитуван советниче Владимир. Се надевам дека овој мој одговор ќе те најде дома и во добро здравје и нема да предизвика чувство на навреда. Бидејќи зборуваш за празни објави и бараш факти, еве ја спогодбата и записниците, па може и сам да пресудиш што е факт, што не е.Убаво е пред да се истрчаш со јавен став, барем малку се координираш со вашите фунционери за што во фактите ќе видиш дека веројатно не си однесен само до Скопје, туку те пуштиле и низ вода, за што искрено жалам и сочувствувам со тебе! Зборуваш за паника, на каква паника мислиш, нели е паника да се дигнеш од Струмица до Скопје за прес конференција? За крај само да те потсетам дека последните избори за кои се расфрлаш со бројки беа парламентарни и претседателски, на последните локални и сам го знаеш резултатот не мора да ве потсеќам, сепак зборувам од име на градоначалник“, стои во рекацијата на градоначалникот Костадинов до советникот Владимир Ристов, притоа јавно објавувајќи документи.

Претходно на прес конференција Советникот од ВМРО ДПМНЕ Владимир Ристов на прес конференција го повика градоначалникот Костадинов да ги реализира своите обрски.

„Реконструкцијата на патот Струмица Дабиле со булеварско решение не ја кочи ВМРО ДПМНЕ. Согласно со потпишаната спогодба Општина Струмица е задолжена да обезбеди пристап до сите постоечки објекти на оваа делница, а од општината имаат обезбедено пристап само до одредени објекти. За да се реши проблемот беа одржани повеќе состаноци за кои има и докази на кои беше присутен лично и Костадин Костадинов“ вели Ристов на прес конференција. Тој додаде дека наследените пречки за имотно правни односи се решени пред десетина дена со што се создадени услови за градежни активности.

Костадинов ја објави Спогодбата за реалзиација на проектот и останати документи.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago