Презентација на ИПАРД 3 програмата пред земјоделците за набавка на земјоделска опрема и механизација
Инфо средби со земјоделците денеска беа одржани во Општините Радовиш и Конче на кои беше извршена презентација на Ипард 3 Програмата за мерката 1- Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства од ИПАРД Програмата 2021-2027.
Земјоделците беа запознаени како да аплицираат и кој може
да аплицира на јавниот повик кој беше објавен на 28 фрвруари годинава а ќе трае
до 29 март.
Од сточарското производство се поддржуваат сите сектори,
за изградба на објекти и помошни објекти за животните, набавка на опрема за
секаков тип на производство на производи од животните, подобрување на
енергетската ефикасност на шталите и инфраструктурата друго.
Инфо средбите беа органзирани од Телото за управување со ИПАРД при
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за
финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за
поттикнување на развојот на земјоделството.
На инфо средбите заинтересираните корисници (физички, правни лица, задруги итн.) можеа да се информираат за постапките и условите за аплицирање со цел користење на средства од оваа мерка од програма од тековниот објавен повик.
Се повикуваат сите заинтересирани корисници да присуствуваат на инфо средбите со цел полесно информирање и искористување на мерка 1, имајќи предвид дека крајниот рок за поднесување на барањата за мерка 1 од овој јавен повик е 29 март 2025 година.