Струмица

Струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов бара одговори од Власта зошто се блокира реконструкцијата на патот Струмица – Дабиле

Струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов бара одговори од Власта зошто се блокира реконструкцијата на патот Струмица – Дабиле, во булеварско решение.

„Јас и цела Струмица бараме одговор зошто се блокира реконструкцијата на патот Струмица – Дабиле во булеварско решение?

Ова е многу голем проблем за нас струмичани, но и оние кои патуваат до Бугарија, Ново Село, Берово и за индустриската зона во којашто егзистираат триесетина компании коишто гледаат фамилии и даваат плати со чесно заработени пари. Овој проект за којшто ние сме сакале да покажеме партнерски однос кон државата и сме потпишале Спогодба е блокиран поради неспособност или поради водење инает со цела Струмица.

Оваа Спогодба општина Струмица ја има потпишано со Јавното претпријатие за државни патишта кое е под ингеренции на Министерството за транспорт и врски, а кое требаше целосно да ги реши сите имотно – правни односи за потребното земјиште. Но, од кога е потпишана Спогодбата експропријацијата не е решена, а со тоа ниту нашиот изведувач на општина Струмица, ниту изведувачот на ЈПДП, ниту ЕВН кој што треба да направи дислокација на одредени столбови, не можат да работат заради незавршени имотно – правни односи. Кој и зошто ја блокира општина Струмица?

И јас и граѓаните заслужуваме одговор, затоа што станува збор за една од најфреквентните делници во Македонија и ова повеќе нема да го толерираме. Крајно време е сите да се фатиме за работа наместо како делегации да трошиме по 200 илјади евра во еден правец. Инаетот со Струмица и струмичани, носи само пораз“, стои во објавата на Костадинов на Социјалните мрежи.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago