Струмица

Во Струмица запалена дива депонија со непознати материјали. Костадинов: Не сакам да верувам дека станува збор за намерно предизвикување на пожари

Синоќа, околу 20 часот, по претходна пријава од граѓани дека е забележан чад и оган во близина на новиот булевар ,,Братство Единство” на необработено и неурбанизирано земјиште, ТППЕ Струмица излезе на терен.

Бидејќи се работеше за ноќни услови, пожарот односно неговото жариште веднаш беше лоцирано со термален дрон и пристапено кон негово гаснење. Гореше дива депонија со непознати материјали од која и после дејствувањето со вода од ПП возилото, продолжи да излегува густ и црн чад со специфичен мирис кој потпомогнат од воздушното струење се ширеше во повеќе правци.

Во моментот на снимањето со дронот и пристигнувањето на локацијата од страна на пожарникарите-спасители не беше забележано присуство на други лица.Веднаш потоа беше известен општинскиот инспекторат кој дојде на лице место и беше ангажирана механизација за расчистување на депонијата и нејзино полесно гаснење, информираат од ТППЕ од Струмица.

Во врска со овој настан се огласи и градоначалникот Костадин Костадинов.

„Не сакам да верувам дека станува збор за намерно предизвикување на пожари и потпалување на опасни материи исполнувајќи опасни агенди, но можам да ветам дека вакви работи нема да останат неказнети!“ напиша градоначалникот на својот фејзбук профил.

Костадинов додаде: Некој свесно ја труе Струмица, инспекторите, пожарникарите и екипи на Комуналец сме на терен и даваме се од нас за да ја победиме оваа војна со несовесните!Пријавувајте го секој оној што ќе го видите како гори, потпалува, свесно сака да ни ја крои судбината.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago