Со инвестицијата вредна 21 милион денари Општина Радовиш ќе гради атмосверска канализација на улица Илија Алексов
Со инвестицијата вредна 21 милион денари од Министерството за транспорт и врски, за изгрдба на атмосверска канализација на улица „Илија Алексов’ во Радовиш се решава децениски проблем со поплавите на куќите под улицата, односно во Урбан блок 15 каде што има околу 600 куќи. По тој повод денеска беше во посета на Радовиш Министерот за транспорт и врски Александар Николовски кој заедно со градоначалникот Ацо Ристов и пратеничката Моника Трајанова, го најавија почетокот на проектот.
„Станува збор за капитален проект во вредност од околу 350 илјади евра, кој ние како општина не можеме да си го дозволиме сами. Затоа многу ни значи поддршката од министерот и од Министерството за транспорт, за решавање на овој децениски проблем на граѓаните во овој дел на градот“ рече градоначалникот Ристов.
Министерот Николовски во оваа прилика реќе дека освен
овој проект ќе изградат и обикулница во село Подареш на барање на
градоначалникот Ристов и пратеничката Трајанов кои силно се залагаат за
реализација на проекти во Општина Радовиш.
„Инвестираме 21 милион денари за да го решиме овој горлив
проблем на барање на граѓаните, но и поради силната заложба на градоначалникот
и на пратеничката“ рече министерот Николовски.
Инаку по поставувањето на целата канализациона мреже на дел од улица „Илија Алксов“ „крак на улица 8“, „улица 8“ и „улица 9“ во Радовиш, ќе биде изграден и делот од улицата Илија Алексов од каде започнаа градежните работи и ќе се поставува цевката, што е барање на граѓаните подолго време.