Македонија

Од средината на април граѓаните од дома ќе избираат од кој маркет ќе пазарат, трговците ќе мора да ги објавуваат цените на своите интернет страници

Граѓаните од дома ќе можат да си изберат маркет од кој ќе пазарат, односно ќе можат да видат кој маркет има најниски цени на производите и од таму да пазарат. Маркетите ќе имаат обрска цените на сите производи  да ги објавуваат на своите интернет страници. Оваа новина која ја предвидува Законот на потрошувачите, се воведува од месец април со што практично маркетите ќе си направат конкуранеција за да привлечат купувачи.

Согласно измените на Законот за заштита на потрошувачите, почнувајќи од средината на април трговците ќе имаат задолжителна обврска да ги објавуваат цените на сите производи на своите интернет страници, а во наредните десет дена ќе бидат објавени и правилниците на кој начин истите треба да се објавуваат, информираше министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Тој подвлече дека Државниот пазарен инспекторат ќе излезе на терен и за маркетите кои нема да ја почитуваат одлуката, казните ќе се движат од 500 до 10 илјади евра, па и до затворање на маркетите во траење од 15 дена.

Со ова се очекува да се стави под контрола неконтролираното зголемување на цените на прехранбените и на другите производи кои речиси ги надминаа европските цени.

Од СДСМ со реакција: „Министерот за економија, Дурмиши, исто како и Мицкоски, очигледно не разбира што навистина треба да се направи за да се намалат цените. Објавувањето на цените на веб-страниците на маркетите не е никаква мерка – тоа е евтин и смешен обид да се прикаже дека нешто се работи, додека граѓаните тонат во сиромаштија.
Во моментов државата се соочува со сериозна економска криза. Цените растат неконтролирано, струјата и парното поскапеа, а граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Наместо да преземат конкретни чекори за справување со кризата, Дурмиши и Мицкоски избраа мерка што нема никаков ефект, игнорирајќи ги сите реални решенија што навистина можат да го подобрат животниот стандард на граѓаните“ стои во рекацијата од СДСМ од каде додаваат: – СДСМ попусто нудеше конкретни решенија – намалување на ДДВ-то на струјата и други мерки кои реално ќе помогнеа. Но, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите предлози, а она што го донесе беше задоцнето и неефикасно.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago