Василево

Градоначалникот Андонов најави градежна офанзива во Пиперево, капитални проекти во вредност од 35 милиони денари

Капитални проекти во вредност  35 000 000 денари оваа година ќе се реализираат во населеното место Пиперево. Информацијата,  синоќа  во Пиперево,  на средба со граѓаните од ова населено место ја сподели градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, најавувајќи како што пишува во неговата ФБ објава, https://www.facebook.com/vasilevo24, градежна офанзива како никогаш претходно.


„Презентирав убави вести за граѓаните на населеното место Пиперево. Оваа година општина Василево ќе инвестира околу 35 милиони денари во капитални проекти само во Пиперево. Во Пиперево следува градежна офанзива како никогаш претходно. Оваа година во Пиперево ќе се реализираат следните проекти: Ќе се асфалтира главната улица од влезот до центарот на населеното место со атмосферска канализација; Изградба на последниот крак од фекална канализација; Асфалтирање на улицата до болницата; Асфалтирање на улицата кај Ване Цветков.Овие проекти граѓаните на Пиперево ги заслужуваат.“, стои во објавата на Градоначалникот.


На средбата со жителите на Пиперево присуствуваа и првите луѓе на општинските институции. Директорката на ЈПКД „Турија“, Василево,  директорот на детската градинка „Прва радост“ Василево и директорот на ООУ „Гоце Делчев“, Василево.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago