Македонија

АХВ нареди уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато месо

Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по спроведен вонреден инспекциски надзор, наредија нештетно уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо по потекло од Полска кое било транспортирано во возило кое го запленило Министерството за внатрешни работи од непознат сторител. 

Месото било спакувано во 180 пакети по 11 килограми и во моментот на контрола било во фаза на отопување.
 
Во запленетото возило, небезбедното месо се транспортирало во несоодветни услови, односно без потребен температурен режим за замрзнато месо (минус 18 степени Целзиусови) и без никаква документација за потеклото –  ветеринарно здравствен сертификат, комерцијален документ и други потребни документи за гарантирање на безбедноста на производот. 
 

Информацијата ја потврдија и од МВР.

На 25.02.2025 во 14.30 часот во близина на с.Танушевци, скопско, при преземање мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци пресретнале возило комби со косовски национални ознаки, кое се движело кон границата со Kосово. Притоа, откако ги забележале полициските службеници, две лица го оставиле комбето и побегнале кон границата со Косово. Додека, при преглед во возилото биле пронајдени 180 пакети со по 11 килограми прехранбени производи, кои биле без соодветна документација. Возилото со производите било одземено и предадено за понатамошна постапка.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот“ велат од МВР.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago