На денешната 57 седница на совет на Општина Гевгелија, на дневен ред како точка под реден број 13 е -Предлог одлука за прифаќање на Иницијатица за изработка на Урбанистички Проект надвор од опфатот на урбанистичкиот план за намена за В2.2 – медицински ординации со компатибилни дејности на кп 588 и дел од кп 587/1(во сопственост на МАКЕДОНИЈА) во населено место Богородица, општина Гевгелија.
Советничката група на СДСМ не е против да се инвестира и гради во општина Гевгелија а, со тоа да се отвораат нови работни места и да се привлекуваат инвестори. Но, во конкретниот случај се бара за иницијативата да се согледаат сите факти бидејќи најголемиот дел од иницијативата за урбанизација се однесува на пасиште(ВО СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА) што е дел од многу поголема површина на истото пасиште.
По добивањето на податоци од надлежните институции дека во моментов има регулирано привремено право за користење на пасишта во КО Богородица за околу 1200 грла ситен добиток и за околу 30 грла крупен добиток, со потсетување дека истите постојано се користат и се предмет на користење на сточарите од Стојаково, а во следниот период се очекува да има регулирано право за користење на пасишта за погопем број на добиток. Со погоре наведените факти ја искажуваме нашата загриженост за производството на храна во следниот период и за идните генерации.
Бараме од урбанизмот да ги разгледа сите факти, не само за оваа иницијатива туку и за сите следни вакви и слични иницијативи кои се наоѓаат на неградежно земјиште односно на земјоделско земјиште, пасишта и шуми.Македонија не само декларативно да се прикажува како земјоделска земја туку тоа и да биде а, општина Гевгелија со своите близу 300 сончеви денови да ги произведува своите квалитетни рано градинарски култури кои се продаваа на пазарите низ цела држава.
Извор: https://www.facebook.com/profile.php?id=100078920946528