Струмица

Од денеска започнува програмата на Струмичкиот карневал 2025

Од денеска започнува програмата на Струмичкиот карневал 2025, со симболично предавање на клучот на градот на карневалистите од страна на градоначалникот.  

Во рамките на програмата ќе биде органзирана и изложба на карневалски маски како и концерт под маски на музичкото училиште Боро Џони од Струмица во ЦК Антон Панов.  

Во Петок ќе се одржи познатиот маскенбал и избор на прин и принцеза во Хотел Сириус во Струмица со почеток во 21 часот.

Вкупно 35 карневалски групи со 1058 карневалисти ќе учествуваат на годинашново главно карневалско дефиле во Струмица кое ќе биде во сабота на 1 март со почеток од 18,30 часот.  Најмногу ќе ги има карневалски групи од училиштата и од странство.

Во недела ќе се одржи традиционалниот Детски карневал по повод Прочка.

Според објавениот редослед може да се забележи дека годинава на големото карневалско дефиле по струмичките улици  има групи од 14 училишта со вкупно 425 учесница. 10 се од Општина Струмица а останатите 4 се од Пробиштип Кратово и Куманово. Трите струмичките средни училишта се со најбројни маски .

Од странство годинава ќе има 11 карневалски групи  со 275 учесници. Гости кои ќе настапат на големото дефиле има од Хрватска, Србија, Црна Гора и Бугарија

Најмалку ќе има од струмичките карневалски здруженија. Пријавени се 6 групи со 157 учесници и една поединечна маска. Од другите градови на Македонија – Кавадарци и Виница  има три балетски студија со 87 учесника.

Во понеделник ќе биде одржана прес конференција на која ќе бидат објавени резултатите за најуспешните маски од карневалската вечер. Во 13 часот ќе се одржи традиционалната програма по повод „Чист понеделник“ варење бел грав на плоштад Гоце Делчев во Струмица.

Карневалските случувања че продолжат и во вторник со одржување на Традиционално карневалско корзо и ќе траат до среда коге ќе се одржи тримерски ручек и настап на „Распеани струмичани“.

Карневалот почнува од денеска со предавањето на клучот на градот на карневалистите со што ќе отпочне седумдневната програма.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago