Радовиш

Општина Радовиш ја одржа традиционалната манифестација Спортист на годината, Радовиш уште еднаш покажа дека е спортски град

Здравко Постолов од РК Радовиш е прогласен за спортист на годинат од категоријата сениори а Ракометниот клуб Радовиш го доби признанието за Спортска екипа на годината  во Општина Радовиш. Пред голем број спортисти, тренери, спортски работници и претставници од спортските клубови, како и претставници од бизнис секторот вчера беше одржана традиционалната манифестација „Спортист на годината“.

Изминатата 2024 година ОРадовиш беше исполента со бројни спортски настани.

Пред да бидат додлени Плакети за посебно спортско достигнување во изминатата 2024 година на најдобрите спортисти, спортски екипи тренери и спортски работници присутните на настанот ги поздрави градоначалникот Ацо Ристов.

СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА 2025

-ЗДРАВКО ПОСТОЛОВ – РК „РАДОВИШ“

Спортист на годината-категорија Сениори

-АРОН НИКОЛОВ – БК „БУЧИМ РАДОВИШ“

Спортист на годината-категорија Јуниори

-ИЛИЈА ТАНЧЕВ – БК „БУЧИМ РАДОВИШ“

Спортист на годината-категорија Кадети

-МАРИО АНАНИЕВ – БК „БУЧИМ РАДОВИШ“

Најперспективен спортист – Пионер

Спортска екипа на годината

– Ракометен клуб „РАДОВИШ“

Спортски тренер на годината:

-НАУМ ТРАЈАНОВ – БК „БУЧИМ РАДОВИШ“

Спортски работник за 2024 година:

-ЈОВИЦА ТРАЈЧЕВ – ФК „ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА“

Спортски работник за повеќегодишна работа:

-ТОНИ АНЧЕВ- БК „БУЧИМ РАДОВИШ“

Посебни спортски достигнувања – ПРИЗНАНИЕ на :

-МЕХМЕТ УСИНОВ – БК „БУЧИМ РАДОВИШ“ – посебно спортско достигнување

-МИТКО АШКИЛОВ – МАИТАИ КЛУБ „КОМБАТ“ – посебно спортско достигнување

-МИЛАНЧО ГИНОВ – посебно спортско достигнување во МАРАТОН

-ЗДРУЖЕНИЕ ,,БАСКЕТ СПОРТ” – за 20 год. успешна организација на СТРИТБОЛ 3X3

-ЗДРУЖЕНИЕ „РАДОВИШ ОПЕН“ – за успешна организација на ТУРНИР ВО ТЕНИС

-ВЕЛОСИПЕДСКИ КЛУБ „ВЕЛОЛИСЕЦ“ – за успешна организација на МАРАТОН ПЛАЧКОВИЦА

-ПРОЕКТ ЕКО МОМЕНТУМ – за успешна организација на „ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТА“

-ОПШТИНСКИ СОЈУЗ НА УЧИЛИШЕН СПОРТ – за успешна организација на „ШЕСТОНОЕМВРИСКА КРОС ТРКА“

-ДЕТСКИ КАТЕГОРИИ НА ФК „ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА“ – за омасовување на спортот

Фондацијата Ванчо Чифлиганец му додели признание на градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов за залагање и развој на спортот во оштината, на синоќешната манифестација Спортист на годината, која се одржа во Радовиш во ресторан Маг Марг и на која беше присутен и проф д-р Ванчо Чифлиганец, кој некогаш го направи Радовиш шампионски град во борењето.

Проф д-р Ванчо Чифлиганец во оваа прилика потсети дека годинава Радовиш ќе слави еден голем 30 годишен јубилеј во спортот, 30 години откако БК Бучим- Јака го направи Радовиш шампионски град.

Директорката на ЈП за стопнаисување со спортски објекти Лолита Арсова во оваа прилика додели признание на фирмата Детонит за поддршката на Шестоноемврискиот турнир, како и на Општина Радовиш за поддршката на овој турнир.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago