Ефтим Ричлиев е избран за Спортист на годината, на традиционалната манифестација во Општина Струмица
30 годишниот
Ефтим Ричлиев кој игра на позицијата техничар во шампионот Струмица но и член
на македонската одбојкарска репрезетација е избран за спортист на
Струмица за 2024 година.
Општина Струмица по 62-ри пат ја одржа Традиционалната манифестација „Спортист на
годината“ каде што беа прогласени најдобрите спортисти, спортски екипи и
спортски работници – тренери за минатата 2024 година.
„Исто така не ги заборавивме најмалите спортисти кои на предлог на нивните клубови добија награда „спортска надеж“ која претставува своевидна мотивација за понатамошни успеси. Честитки до наградените поединци и клубови во индивудуалниот спорт каде за 2024 година со успесите на шахистите, пинг-понгарите, каратистите, а таму секако предничат членовите на Кик бокс клубот „ТИМ Зоран“ и професорот Зоран Спасов“, вели градоначалникот Костадин Костадинов.
Во екипниот
спорт успесите за минатата година се поделени помеѓу неколку клубови кои со
успех го презентираа струмичкиот спорт во минатата 2024 година како ОК Струмица
жени, ОК Македонија Џио, ЖФК Тиверија Брера, ФК Брера Струмица и гордоста на струмичката и македонска
одбојка ОК Струмица 47&72 предводена од тренерот Кирил Ричлиев и секако
спортистот на Струмица за 2024 година Ефтим Ричлиев.
„Најголеми честитки до спортистот на годината Ефтим Ричлиев и се надеваме на нова титула во тековната сезона“, вели Костадинов.