Македонија

Пратениците не сакаат ниту да слушнат намалување на патните трошоци – предлогот на Левица не стигна ниту до дневен ред

Предлогот на пратеничката група на Левица за намалување на патните трошоци на пратениците не успеа ниту да биде ставен на дневен ред, зашто пратениците од власта го бојкотираа гласањето на денешната собраниска седница, иако беа присутни во салата.

За предлогот гласаа 23 опозициски пратеници, додека само еден пратеник од ДУИ гласаше против.

А, откако не помина предлогот, со реакција се огласија од Левiца. Од таму велат дека предлогот не е популистички, туку е конструктивен и значително ќе ја намали сумата за патни трошоци. Равенката, според која предлагаат да се пресметуваат е според пазарната цена за 6,5 литри на секои изминати 100 километри.

Одбивањето нивниот предлог воопшто да биде ставен на дневен ред, значи дека останува на сила актуелниот Закон за пратеници, кој предвидува надоместок за користење автомобил во лична сопственост за службени цели во висина од 20 отсто од продажната цена на еден литар гориво, според изминат километар. Тоа значи дека за секои извозени 100 километри, на пратениците им следуваат 1.700 денари, плус патарини.

Со ова, според Левица, ќе продолжи праксата со злоупотреба и наплаќање на енормни суми за патни трошоци.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago