Радовиш

Поголема заштита и унапредувањето на работничките права во Бучим и Боров Дол

Потпишан Колективен договор за унапредување на правата на вработените во рудниците Бучим и Боров Дол.

По неколку месечни преговори, рудниците Бучим и Боров Дол потпишаа Колективен договор за остварување на правата и положбата на вработените, со што се постигна значаен чекор во заштитата и унапредувањето на работничките права.

Овој договор, потпишан помеѓу рудниците Бучим и Боров Дол и Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР) при ССМ,  претставува историски момент, особено за рудникот Бучим, каде што по 25 години од неговото рестартирање во 2005 година, за првпат е склучен колективен договор на ниво на работодавач. Од друга страна, рудникот Боров Дол, кој започна со работа во 2021 година, успеа да го потпише својот прв колективен договор по само три години од отпочнувањето со работа.

Со овој договор, се унапредуваат правата на вработените, се гарантира подобрување на условите за работа, зголемена заштита и безбедност, како и подобрување на материјалните права на сите вработени.

Управителот на рудниците Бучим и Боров Дол, Александр Раков, изјави:“Новото раководство вложи огромни напори за да се оствари нешто што досега беше недостижно за рудникот Бучим. Ова е клучен момент за сите вработени, затоа што со овој договор обезбедуваме подобри услови за работа и дополнителни права што ќе ја зголемат сигурноста и стабилноста на секој наш вработен.”

Заменик управителот на Бучим и Боров Дол, Ивица Карапетров, додаде: “Нашата цел е да изградиме одржлив и фер однос со сите наши вработени. Потпишувањето на овој договор е потврда на нашата заложба за унапредување на работничките права и создавање стабилна и безбедна работна средина.”

Со ова, рударската индустрија во Македонија добива значаен исчекор во заштитата и унапредувањето на правата на вработените, а рудниците Бучим и Боров Дол продолжуваат да ја потврдуваат својата одговорност и посветеност кон своите вработени.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago