Радовиш

Јавен повик за прибирање проекти од здруженија и фондации од Општина Радовиш за 2025 година

Врз основа на член 14 и 15 од Статутот на Општина Радовиш, Градоначалникот на општина Радовиш објавува ЈАВЕН ПОВИК

За прибирање проекти од здруженија и фондации од Општина Радовиш за 2025 година, кои се во согласност со стратешките и програмските документи на Општина Радовиш а се финансираат согласно Програмата  за Локален Економски Развој, од Буџетот  на Општина Радовиш за 2025 година.

Финансиските средства предвидени во Програмата за Локален Економски Развој oд Буџетот на Општина Радовиш за 2025 година ќе се доделуваат на Здруженија и Фондации по поднесен проект/годишна програма за работа.

Право на учество

Како субјекти кои можат да конкурираат со свои проекти се определуваат Здруженијата и Фондации, со седиште во Општина Радовиш, како матична општина каде физички ќе се реализираат активностите од годишните програми. Резултатите од спроведените проекти/програми ќе бидат остварени во општина Радовиш.

Основни критериуми кои треба да ги исполнуват Здруженијата и Фондациите кои учествуваат на овој повик се:

-корисниците да се регистрирани согласно Законот за здруженијата и фондации;

-корисниците да дејствуваат на територијата на Општина Радовиш;

-остварување на програмите и дејствувањето да се во рамките на Уставот и Законите на РМ,

Посебни критериуми кои треба да ги исполнуват Здруженијата и Фондациите кои учествуваат на овој повик се:

– Предложените цели и активности од Годишните програми да кореспондираат со Стратешките – развојни и програмски документи на Општина Радовиш.

– Доделените средства да се користат исклучително за покривање на директните трошоци, односно за реализација на активности предвидени во предлог проектот.

Времетраење

Целосните проектни предлози ги очекуваме најкасно до 05.03.2025 година до 15.30 ч.

Предвидениот период за реализација на активностите да биде до 10 Декември 2025 год, со евентуално барање за продолжување на истите заради оправдани причини.

Потребна документација која Здружението или Фондацијата треба да ги достави кон Пријавата.

Покрај пријавата за финансиска поддршка, Здружението или фондацијата која треба да биде пополнета  /со печатни букви во кирилско писмо/ потпишана од застапникот , заверена со печат и штембил, Здружението или Фондацијата задолжително треба да ги достави следниве прилози, кои можат да се симнат од веб страницата на Општина Радовиш или подигнат во Одделението за Локален Економски Развој при Општина Радовиш :

  1. Пополнета “Проектна пријава“.
  2. Годишна програма за работа за 2025 година
  3. Копија од Решението за упис во регистарот на Здруженија и Фондации,
  4. Профил на организацијата со референтна листа на досега реализирани проекти
  5. Извештај за добиените средства од Општината Радовиш во изминатата фискална година и начинот на нивната реализација.
  6. CV (кратка биографија) на главниот вклучен персонал.

Проектната документација треба да биде доставена во затворен плик

Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично на адреса:

Општина Радовиш  Бул.„Александар Македонски“ Бр.7, Радовиш  

На пликот во горниот лев агол треба да стои: „Не отварај“, а во долниот десен агол: За јавен повик по Програмата – за прибирање проекти од здруженија и фондации од Општина Радовиш за 2025 година

Напомена: Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат.

Здруженијата или Фондациите учеснички на огласот ќе бидат известени за резултатите во рок од  15 дена од денот на донесување на Одлуката за распределба на средства од Буџетот на Општината Радовиш за 2025 година, наменети за финансирање на програмски активности на Здруженија и фондации.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago