Македонија

Левица против одлуката на Уставен: Додека народот тоне во сиромаштија – државата ќе им враќа милиони евра на најбогатите

Вчерашната одлука на Уставниот суд за укинување на Законот за данокот на солидарност претставува директен удар врз социјалната правда и темелните вредности на Уставот на РМ, вели политичката партија Левица.

„ Наместо да застане на страната на народот, судот им се поклони на најбогатите и им овозможи да ги задржат екстра-профитите што ги остварија врз грбот на граѓаните за време на економската и здравствената криза.Данокот на солидарност, кој беше воведен по примерот на повеќе европски држави, имаше за цел праведно оданочување на екстра-профитите остварени за време на пандемијата. Наместо да се задржи овој прогресивен механизам за прераспределба на општественото богатство, Уставниот суд избра да ги заштити интересите на најбогатите компании кои остварија енормни профити во време кога мнозинството граѓани се соочуваа со егзистенцијални проблеми, стои во извeстувањето од Левица.

Уставни судии

„Додека крупните бизниси и нивните заштитници во институциите слават, граѓаните остануваат заробени во безизлез: минимални плати, енормни трошоци за живот и товарот на ДДВ – данок кој најмногу ги погодува сиромашните. Во оваа држава, работникот, де факто, плаќа повисоки даноци од милионерите, а Уставниот суд сега и официјално потврди дека тоа мора да остане така и дополнително ја продлабочи социјалната нееднаквост во општеството.

И не е прв пат Уставниот суд да застане на страна на експлоататорите, а на штета на работниците, народот. Потсетуваме и на скандалозната одлука со која уставните судии дозволија 72 – часовна работна недела, односно 32 часа подолго од полното работно време, спротивно на европските практики и тенденции за намалување на работното време.

Ваквата одлука на Уставниот суд претставува само уште една потврда за длабоката заробеност на институциите од страна на олигархијата. #Левица ќе продолжи да дејствува во насока на воведување на праведен економски систем кој ќе служи на интересите на мнозинството граѓани, а не на привилегираното малцинство.

Дополнително, со цел обезбедување на интегритет на Уставниот суд, пратеничката група на Левица и овој мандат, повторно, ќе поднесе Закон за уставни судии. Со него ќе се воведат јасни и објективни критериуми за избор на уставни судии, со што конечно ќе се прецизира досега нејасната и злоупотребувана формулација „истакнат правник“, додаваат од партијата.

Извор: https://www.facebook.com/PartijaLevica

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago