Радовиш
Јавен повик за прибирање проекти од здруженија и фондации од Општина Радовиш за 2025 година
Објавено на
Од
Media Press
Врз основа на член 14 и 15 од Статутот на Општина Радовиш, Градоначалникот на општина Радовиш објавува ЈАВЕН ПОВИК
За прибирање проекти од здруженија и фондации од Општина Радовиш за 2025 година, кои се во согласност со стратешките и програмските документи на Општина Радовиш а се финансираат согласно Програмата за Локален Економски Развој, од Буџетот на Општина Радовиш за 2025 година.
Финансиските средства предвидени во Програмата за Локален Економски Развој oд Буџетот на Општина Радовиш за 2025 година ќе се доделуваат на Здруженија и Фондации по поднесен проект/годишна програма за работа.
Право на учество
Како субјекти кои можат да конкурираат со свои проекти се определуваат Здруженијата и Фондации, со седиште во Општина Радовиш, како матична општина каде физички ќе се реализираат активностите од годишните програми. Резултатите од спроведените проекти/програми ќе бидат остварени во општина Радовиш.
Основни критериуми кои треба да ги исполнуват Здруженијата и Фондациите кои учествуваат на овој повик се:
-корисниците да се регистрирани согласно Законот за здруженијата и фондации;
-корисниците да дејствуваат на територијата на Општина Радовиш;
-остварување на програмите и дејствувањето да се во рамките на Уставот и Законите на РМ,
Посебни критериуми кои треба да ги исполнуват Здруженијата и Фондациите кои учествуваат на овој повик се:
– Предложените цели и активности од Годишните програми да кореспондираат со Стратешките – развојни и програмски документи на Општина Радовиш.
– Доделените средства да се користат исклучително за покривање на директните трошоци, односно за реализација на активности предвидени во предлог проектот.
Времетраење
Целосните проектни предлози ги очекуваме најкасно до 05.03.2025 година до 15.30 ч.
Предвидениот период за реализација на активностите да биде до 10 Декември 2025 год, со евентуално барање за продолжување на истите заради оправдани причини.
Потребна документација која Здружението или Фондацијата треба да ги достави кон Пријавата.
Покрај пријавата за финансиска поддршка, Здружението или фондацијата која треба да биде пополнета /со печатни букви во кирилско писмо/ потпишана од застапникот , заверена со печат и штембил, Здружението или Фондацијата задолжително треба да ги достави следниве прилози, кои можат да се симнат од веб страницата на Општина Радовиш или подигнат во Одделението за Локален Економски Развој при Општина Радовиш :
- Пополнета “Проектна пријава“.
- Годишна програма за работа за 2025 година
- Копија од Решението за упис во регистарот на Здруженија и Фондации,
- Профил на организацијата со референтна листа на досега реализирани проекти
- Извештај за добиените средства од Општината Радовиш во изминатата фискална година и начинот на нивната реализација.
- CV (кратка биографија) на главниот вклучен персонал.
Проектната документација треба да биде доставена во затворен плик
Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично на адреса:
Општина Радовиш Бул.„Александар Македонски“ Бр.7, Радовиш
На пликот во горниот лев агол треба да стои: „Не отварај“, а во долниот десен агол: За јавен повик по Програмата – за прибирање проекти од здруженија и фондации од Општина Радовиш за 2025 година
Напомена: Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат.
Здруженијата или Фондациите учеснички на огласот ќе бидат известени за резултатите во рок од 15 дена од денот на донесување на Одлуката за распределба на средства од Буџетот на Општината Радовиш за 2025 година, наменети за финансирање на програмски активности на Здруженија и фондации.
Поврзани содржини

Општина Струмица објави Јавен повик до евидентираните невработени лица за вклучување во Програмата „Општинско – корисна работа“

Јавен повик за доставување на предлог-програми за реализација на традиционалната манифестација САМУН ЕМ ТАТЛИЈА 2026

Јавен повик за субвенционирање на физички лица – жители на Општина Радовиш за надоместување на дел од трошоците за купен велосипед

Општина Василево објавува Јавен повик за невработени лица

Јавен повик за доделување на дивечот во ловиштата на користење

Јавен Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од атмосферска непогода – голомразица
Радовиш
ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет
Published
5 часа agoна
ноември 16, 2026By
Media Press
Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков Мисирков, во ОНБ „Браќа Миладиновци“ – Радовиш, се одржа научна трибина посветена на неговиот живот, дело и визија.
Трибината беше организирана од библиотеката „Браќа Миладиновци“ , во соработка со Комисијата за култура, образование и спорт на општина Радовиш.
На темата „Мисирков и неговата визија за македонската иднина“ говореа проф. д-р Елка Јачева-Улчар и проф. Јовица Илиќ, кои преку своите излагања го доближија ликот и делото на Крсте Петков Мисирков пред присутните. Модератор на настанот беше Гордана Здравкоска која со професионален пристап, внесе јасност и динамика на настанот.
Преку внимателно осмислените воведувања, промислените прашања и умешното поврзување на излагањата, таа овозможи темата да биде осветлена од различни аспекти, а мислата на Мисирков да се согледа во нејзината историска, јазична и национална длабочина.
Оваа средба имаше и посебна историска симболика. Се одржа непосредно пред 18 ноември, денот на раѓањето на Мисирков во 1874 година, а во годината кога се навршуваат 100 години од неговата смрт (26 јули 1926 година).
Во топла и пријатна атмосфера, исполнета со почит кон македонското историско и културно наследство, трибината обедини гости, пријатели и колеги македонисти во заедничко чествување на личноста чии идеи оставиле длабока и трајна трага во македонската историја.
Радовиш
Кривична пријава за „фалсификување службена исправа“ против двајца полициски службеници од ОВР Радовиш
Published
2 недели agoна
октомври 30, 2026By
Media Press
СВР
Струмица-ОВР Радовиш, до ОЈО ГОКК, поднесе кривична пријава против Б.Ч.(31) од
село Конче, радовишко, поради постоење на основи на сомнение дека сторил
кривично дело „фалсификување службена исправа“ по член 361 и против Б.Б.(38) од
Радовиш дека сторил кривично дело „соизвршителство“ по член 22, а во врска со
„фалсификување службена исправа“ од Кривичниот законик.
На 13.10.2026, пријавените, полициски службеници од ОВР Радовиш, изготвиле
и приложиле службен извештај со невистинити податоци. Имено, по завршување на
службената задача која им била доделена, подготвиле извештај во кој навеле
период од смената во кој не постапувале по наредбата, а во делот за
контролирани возила внеле податок дека имаат извршено контрола над седум
возила. Таквиот извештај бил потпишан од одговорниот полициски службеник,
првопријавниот Б.Ч.. Во прилог на писмениот извештај доставиле табеларен
преглед во кој имале внесено податоци за контролирани возила со марка,
регистарски ознаки и лице кое го управувало, а времето на контрола кај дел од
возилата било во период за кој претходно сами писмено во извештајот навеле дека
не постапувале по задачи од наредбата. Од дополнително преземените мерки и
извршени разговори со лицата наведени како возачи е утврдено дека на тој датум
не биле запрени и контролирани од полициски службеници.
Радовиш
АХВ со вонредни контроли во месарниците – во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо
Published
3 недели agoна
октомври 29, 2026By
Media Press
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вчера, спроведоа вонредни инспекциски контроли во малопродажни објекти за месо, подготовки и преработки од месо на подрачјето на Општина Радовиш и кај физичко лице во неготинското село Пепелиште, кое произведувало и преку социјалните мрежи продавало димени месни производи и чварки.

При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“.
Во Пепелиште, од физичко лице кое вршело неодобрена дејност од страна на Агенцијата – производство на димени месни производи и чварки, одземени се дополнителни 50 килограми подготовки од месо (печеница, кулен, димена сланина и сл).
Одземените производи се без декларација за потеклото и биле чувани и преработувани во несоодветни и нехигиенски услови, што претставува сериозен ризик за безбедноста на храната и здравјето на потрошувачите.
Надлежните институции продолжуваат со спроведување на инспекциски контроли со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување на нелегално производство и промет на небезбедна храна.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!












