Конче

Велин грнчарот од Габревци: Нашите грниња не се глазирани и се од безбедни материјали, внимавајте од каде купувата

Почитувани пријатели, поддржувачи, и клиенти. Како грнчари кои изработуваат грнци веќе 40 години, должни сме да ве известиме дека на пазарот се појавија трговци кои ги лажат своите клиенти дека производите и се од нас купени. Како резултат на овие лаги, кај нас доаѓаат измамени луѓе со изјави дека грнињата и ги правеле горчливи чорбите и дека мерисале лошо, и бараат од нас да и ги замениме. А тие што не знаат, знаат и дека нашите грниња не се глазирани и истите ги правиме од почетокот на нашето работење и се познати на секаде. Но за жал лошите лаги си го постигнаа своето…“ велат добро познатите грнчари од Габревци, Општина Конче, Велин и Ратка.

Во својата објава на социјалните мрежи тие велат дека и тоа малку што го заработувале како грнчари, се намалило доста, со што и е уште потешко да опстанат.

„Па затоа апелираме до сите ВАС да внимавате од каде купувате грнци. Не секој користи безбедни материјали. Моментално ние продаваме исклучиво на пазарот во Радовиш каде може да ги најдете грнчарот дедо Велин и баба Ратка секоја Сабота од сабајле па се до 2 часот, и не препродаваме на никој трговец наши производи од причина што имаме малку направено. Нашите пари се и секогаш се биле чесно заработени, и стоиме цврсто и горделиво позади нашите производи. Повелете посетете не во Сабота на пазарот во Радовиш, или пак во нашата работилница во Село Габревци. Сите сте добредојдени! За било кои дополнителни информаци сме тука за ВАС. Телефонски број за контакт: 070 737 678“, стои во објавата на чесните занаетчии.

Извор: https://www.facebook.com/GrncarskiProizvodi

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago