Радовиш

Планинарска акција на ПК Бел Камен од Радовиш од Смиланци до врв Асанлија на 1550 мнв и заврши во с. Лаки, Виница

Планинарски клуб „Бел Камен“ од  Радовиш во соработка со ПК „Трансверзалец“ Скопје успешно организираше еднодневна планинарска акција која започна од с. Смиланци, Радовиш до врв Асанлија 1550 мнв и заврши во с. Лаки, виничко.

„Патеката беше средно тешка со благо качување и симнување во траење од 8 часа. Стартот беше во 8 часот од село Смиланци. Претходно од домаќините во Смиланци секој планинар беше послужен со топол чај и смилански мед за што се погрижија нашите членови Оливер И Славе, за што сме и им благодарни. На целта во село Лаки исто така бевме срдечно пречекани од мештаните со тополо чај и мед, а средбата заврши со музичка забава кај Љубе Андонов – Брадаре, за што сме им исто така благодарни“, вели претседателот на ПК Бел Камен, Славчо Спасов.

Вкупно во акцијата биле присутни 60 планиари, 40 од Скопје, 16 од Бел камен Радовиш и 4 од Струмица.

Наредни акции во фебруари како што информираат од ПК Бел Камен од Радовиш, се планирани посета на планинарски дом Џумаја во Радовиш со ноќевање. Учество на Меморијален марш „Борист Трајковски“ од Струмица до Скопје и искачување на врвот Ботра на Беласица во чест на Борис Трајковски.  

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago