Струмичани денеска му се поклонија на великанот Гоце Делчев пред спомен обележјето во центарот на градот
Струмичани денеска му се поклонија на великанот Гоце
Делчев пред спомен обележјето во центарот на градот. Со положување на свежо
цвеќе од страна на повеќе делегации меѓу кои и делегација од општината, беше
одбележана 153 годишнината од раѓањето на великанот.
„Јас по душа
сум анархист, по убедување сум социјалдемократ, а по дела револуционер“. Така
зборуваше големиот Делчев.
На денешен
ден пред 153 години се роди Гоце, се роди таа искра надеж за подоцнежна
светлина за Македонија и Македонците. Голем е денов затоа што е голем човекот
кој се родил во него. Поголем син не родила нашата Македонија, па затоа е
најспомнуваниот и најчествуваниот лик од нашата историја.
Од неговата љубов кон татковината и од непоколебливоста во извршувањето на херојските потфати, треба да учиме како во денешни услови да се однесуваме кон родната грутка и кон сите со кои споделуваме добро и зло под ова наше македонско небо“ рече градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов, кој додаде, гордо и достоинствено го одбележавме 4 февруари – Денот на раѓањето на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев.
Цвеќе полижија и делеација од ОО Движење ЗНАМ од Струмица, предводена од
мратеникот Миле Цеков.
„Денеска како делегација на ОО Движење ЗНАМ Струмица оддадовме почит на еден од најголемите македонски великани по повод 153 години од неговото раѓање.
Великанот Гоце Делчев , симболот на македонската борба за слобода. Неговите идеи и жртва се вечен патоказ за сите што ја сакаат Македонија“, вели пратеникот Цеков.