Македонија

Какво време не очекува во наредните денови, денеска променливо облачно, во југоистокот слаби врнежи

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повеќе сончеви периоди во северните делови. Во утринските и претпладневните часови во југоисточните делови има повремена појава на слаб дожд кој ќе преминува во слаб снег. По одделни котлини претпладне ќе има појава на магла. Преку денот ќе  биде  променливо  облачно  со  слаб  локален  дожд, а преку ноќта понекаде на повисоките планини ќе провејува  слаб  снег.  Ќе  дува  умерен,  долж  Повардарието  засилен  ветер  од  северен  правец  кој  ќе засилува и преку ноќта. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени.

Во Скопје, променливо облачно со услови за слаб локален дожд, а во  делови  од  котлината  магливо.  Ќе  дува  слаб  до  умерен  ветер  од  северен  правец.

Преку  ноќта  и  утре  поради  продор  на  постудена  воздушна  маса  ќе  има  појава  на слаб  снег,  а  до  среда  ќе  се  задржи  северниот  ветер  кој  повторно  ќе  засилува.  Во  среда  и четврток  краткотрајно  ќе биде  стабилно,  а  во  петок  и на  почетокот  на викендот  понекаде  ќе има  појава на  слаб дожд, на планините  понекаде ќе  провејува  снег. Утринските температури до крајот на работната недела ќе бидат во опаѓање.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago