Радовиш

Колку се почитува најавениот бојкот во Радовиш, повеќето граѓани денеска ги бојкотираа маркетите, но некои сепак беа во маркет да пазарат

По иницијативата на социјалните мрежи, денеска и во Македонија се органзира бојкот на маркетите поради високите цени на прехранбените производи. Во Радовиш повеќето граѓани денеска ги бојкотираа маркетите изреволтирани од високите цени, но некои сепак си пазареа.

 При посетата на некои маркети во Радовиш се забележуваше дека одредени граѓани сепак беа во маркет да пазарат, некои како што рекоа не биле запознаени дека треба да бојкотираат, но се согласуваат дека цените се превисоки за македонски стандард. Сепак се забалежуваше осетно намалување на бројот на потрошувачи во споредба со останатите денови.

Иницијативата, која првин беше во Хрватска, а подоцна слични акции беа најавени и во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија, доби поддршка од пошироката јавност, како и од партиите и од власта и од опозицијата.

Од Власта најавија засилени контроли и казни за трговците што го изигруваат законот и мерки за заштита на животниот стандард. Во интервју за ТВ Кобра, ова го истакна Заменик министерот за економија Марјан Ристески кој беше во посета на Радовиш.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago