Струмица

ПРОТЕСТ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ во Струмица најавува Здрава котлина

Здружението “Здрава котлина” најавува протести во Струмица за почист воздух, поради енормното загадување на струмичката котлина и како што велат, нефункционирањето на власта.

„Почитувани сограѓани. Ве известуваме дека ќе организираме протест во Струмица на 1- ви февруари (сабота) како израз на граѓанско незадоволство со воздушното загадување во Струмичката котлина како и поради бавното функционирање односно нефункционирање на системот што законски требаше да го држи под контрола загадувањето што сите ние го дишеме секој ден„, стои во известувањето од Здрава котлина.

Од таму додаваат дека наместо заштита и контрола од загадувањето, Струмица е 7-ми најзагаден град во Европа и нивоата на сулфур диоксид веќе подолг период кумулативно се поголеми од сите останати градови во Македонија ставени на едно место.

„Да не се лажеме, сулфур диоксид не е од огревно дрво од домаќинствата. Сулфур диоксид е отпечаток на индустриско загадување во присуство на метастазирана висока корупција и мрсни профити што го јаде здравјето и животот на сите Струмичани без исклучок. Зимата полека поминува но како и до сега проблемите остануваат, а без акција и јавен притисок само ќе оставиме повторно и повторно да има алиби за во иднина да нема решение на наталожените проблеми. Поконкретно за целата организација на протестот ќе ве известиме во наредните денови. Излезете за здравјето на вашите најмили и здрава иднина!“, соопштува Здрава Котлина.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago