Радовиш
Објавена листата за учениците кои ќе добијат стипендија од Општина Радовиш
Објавено на
Од
Media Press
Врз основа на чл.22, став 1, точка 8 од Законот за Локална самоуправа, чл. 43, став 1, од Статутот на општина Радовиш, член 11 од Правилник за доделување на стипендии на талентирани ученици од основното и средното образование во општина Радовиш бр.08-1884/1 од 26.12.2023 год., распишаниот јавен конкурс бр.09-1648/1 од 21.11.2024 год. и записник бр. 09-1648/2 од 31.12.2024 год. со ранг-листа, доставен од Комисијата за доделување стипендии на ученици во основното и средното образование во Радовиш за учебната 2024/25 год., Градоначалникот на општина Радовиш донесува,
О Д Л У К А
за доделување на стипендии на ученици во основното и средното образование во Радовиш за учебната 2024/2025 год.
Член 1
Општина Радовиш доделува 16 (шеснаесет) стипендии за учебната 2024/2025 година, на следните ученици од основното образование :
VI одделение
- Дамјан Николовски, ООУ Крсте П.Мисирков….. освоени 92 бодови
- Рената Иванова, ООУ Никола Карев …………….. освоени 82 бодови
- Мила Стојанова, ООУ Крсте П.Мисирков………. oсвоени 73 бодови
- Душица Трајанова, ООУ Крсте П.Мисирков..… oсвоени 73 бодови
VII одделение
- Столе Јанковски, ООУ Никола Карев……………. освоени 112 бодови
- Бојана Бибовска, ООУ Никола Карев…………….. oсвоени 95 бодови
- Трајче Филиповски, ООУ Никола Карев…………. oсвоени 80 бодови
- Марија Јованова, ООУ Никола Карев…………….. oсвоени 79 бодови
VIII одделение
- Славица Трајанова, ООУ Крсте П.Мисирков… освоени 100 бодови
- Илија Чурулинов, ООУ Никола Карев …………. oсвоени 94 бодови
- Диљара Салиова, ООУ Крсте П.Мисирков …… освоени 85 бодови
- Розита Јованова, ООУ Никола Карев …………… oсвоени 76 бодови
IX одделение
- Невена Јованова, ООУ Никола Карев………….. освоени 88 бодови
- Борис Василев, ООУ Никола Карев…………….. освоени 85 бодови
- Спасија Спасова, ООУ Крсте П.Мисирков……….. освоени 85 бодови
- Филип Коцев, ООУ Крсте П.Мисирков ………….… oсвоени 84 бодови
Член 2
Висината на стипендијата за основното образование изнесува 2.500 (две илјади и петстотини) денари, а се прима 9 (девет) месеци во текот на учебната година.
Општина Радовиш ќе склучи посебен Договор со секој корисник на стипендија.
Член 3
Општина Радовиш доделува 4 (четири) стипендии за учебната 2024/2025 година на следните ученици, запишани во I-ва година во СОУ „Коста Сусинов“, Радовиш :
-Од ООУ „Никола Карев“
- Александра Петрова ……………….. освоени 73 бодови
- Борјан Тодоров ……………………….. освоени 72 бодови
-Од ООУ „Крсте П.Мисирков“
- Jана Јованова ……………………… освоени 98 бодови
- Теодор Ефтимов ………………….. освоени 85 бодови
Општина Радовиш доделува 2 (две) стипендии за учебната 2024/2025 година на следните ученици во СОУ „Коста Сусинов“, Радовиш :
II-ра година
Вероника Костадинова……………. освоени 93 бодови
III-та година
Тамара Чабукова …………………… освоени 69 бодови
Член 4
Висината на стипендијата за средното образование изнесува 3.000 (три илјади) денари, а се прима 9 (девет) месеци во текот на учебната година.
Општина Радовиш ќе склучи посебен Договор со секој корисник на стипендија.
Член 5
Општина Радовиш доделува 5 (пет) стипендии – по основ на социјален карактер, за учебната 2024/2025 година, на следните ученици од основно и средно образование:
- Анабела Мицева IX год. – ООУ Кирил и Методиј, Ораовица
- Офелија Јованова, VII одд. – ООУ Кирил и Методиј, Ораовица
- Славе Зафиров, VI одд. – ООУ Никола Карев
- Илкнур Зуберова, IX одд. – ООУ Kрсте П.Мисирков
- Јасмина Манева, IX год. – OOУ Орце Николов, Ињево
Член 6
Висината на стипендиите по основ на социјален карактер 3.000 (три илјади) денари, а се прима 9 (девет) месеци во текот на учебната година.
Член 7
Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави на web страната на општина Радовиш, како и на огласната табла на ЕЛС општина Радовиш.
Незадоволните кандидати имаат право на приговор во рок од 5 (пет) дена од денот на донесувањето на Одлуката на Градоначалникот на општина Радовиш.
Поврзани содржини
Радовиш
ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет
Published
4 часа agoна
ноември 16, 2026By
Media Press
Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков Мисирков, во ОНБ „Браќа Миладиновци“ – Радовиш, се одржа научна трибина посветена на неговиот живот, дело и визија.
Трибината беше организирана од библиотеката „Браќа Миладиновци“ , во соработка со Комисијата за култура, образование и спорт на општина Радовиш.
На темата „Мисирков и неговата визија за македонската иднина“ говореа проф. д-р Елка Јачева-Улчар и проф. Јовица Илиќ, кои преку своите излагања го доближија ликот и делото на Крсте Петков Мисирков пред присутните. Модератор на настанот беше Гордана Здравкоска која со професионален пристап, внесе јасност и динамика на настанот.
Преку внимателно осмислените воведувања, промислените прашања и умешното поврзување на излагањата, таа овозможи темата да биде осветлена од различни аспекти, а мислата на Мисирков да се согледа во нејзината историска, јазична и национална длабочина.
Оваа средба имаше и посебна историска симболика. Се одржа непосредно пред 18 ноември, денот на раѓањето на Мисирков во 1874 година, а во годината кога се навршуваат 100 години од неговата смрт (26 јули 1926 година).
Во топла и пријатна атмосфера, исполнета со почит кон македонското историско и културно наследство, трибината обедини гости, пријатели и колеги македонисти во заедничко чествување на личноста чии идеи оставиле длабока и трајна трага во македонската историја.
Радовиш
Кривична пријава за „фалсификување службена исправа“ против двајца полициски службеници од ОВР Радовиш
Published
2 недели agoна
октомври 30, 2026By
Media Press
СВР
Струмица-ОВР Радовиш, до ОЈО ГОКК, поднесе кривична пријава против Б.Ч.(31) од
село Конче, радовишко, поради постоење на основи на сомнение дека сторил
кривично дело „фалсификување службена исправа“ по член 361 и против Б.Б.(38) од
Радовиш дека сторил кривично дело „соизвршителство“ по член 22, а во врска со
„фалсификување службена исправа“ од Кривичниот законик.
На 13.10.2026, пријавените, полициски службеници од ОВР Радовиш, изготвиле
и приложиле службен извештај со невистинити податоци. Имено, по завршување на
службената задача која им била доделена, подготвиле извештај во кој навеле
период од смената во кој не постапувале по наредбата, а во делот за
контролирани возила внеле податок дека имаат извршено контрола над седум
возила. Таквиот извештај бил потпишан од одговорниот полициски службеник,
првопријавниот Б.Ч.. Во прилог на писмениот извештај доставиле табеларен
преглед во кој имале внесено податоци за контролирани возила со марка,
регистарски ознаки и лице кое го управувало, а времето на контрола кај дел од
возилата било во период за кој претходно сами писмено во извештајот навеле дека
не постапувале по задачи од наредбата. Од дополнително преземените мерки и
извршени разговори со лицата наведени како возачи е утврдено дека на тој датум
не биле запрени и контролирани од полициски службеници.
Радовиш
АХВ со вонредни контроли во месарниците – во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо
Published
3 недели agoна
октомври 29, 2026By
Media Press
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вчера, спроведоа вонредни инспекциски контроли во малопродажни објекти за месо, подготовки и преработки од месо на подрачјето на Општина Радовиш и кај физичко лице во неготинското село Пепелиште, кое произведувало и преку социјалните мрежи продавало димени месни производи и чварки.

При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“.
Во Пепелиште, од физичко лице кое вршело неодобрена дејност од страна на Агенцијата – производство на димени месни производи и чварки, одземени се дополнителни 50 килограми подготовки од месо (печеница, кулен, димена сланина и сл).
Одземените производи се без декларација за потеклото и биле чувани и преработувани во несоодветни и нехигиенски услови, што претставува сериозен ризик за безбедноста на храната и здравјето на потрошувачите.
Надлежните институции продолжуваат со спроведување на инспекциски контроли со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување на нелегално производство и промет на небезбедна храна.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!












