Василево

Богојавление- Водици одбележан во населените места на општина Василево

Богојавление- Водици одбележан во населените места на општина Василево. Во духот на нашата православна христијанска вера, вчера на повеќе места во општина Василево, во осветените води беше спуштен светиот Крст.

„Прекрасен празничен ден во населените места во Општина Василево, заедно со народот, нека е за многу години!
Најсреќните беа дарувани од страна на Општината. Посакувам мир, здравје,љубов и разбирање на целиот македонски народ. За многу години!  Христос е се!“,  напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, по вчерашното одбележување на Христовото крштевање- настан на кој присуствуваше и Градоначалникот.
Во повеќе населени места на општина Василево, по утринската богослужба, водите беа осветени со обредното спуштање на осветениот крст. Во населените места Василево, Пиперево, Владевци, Сушево и Добрашинци,  крстот беше спуштан во речните корита а во останатите во специјално за таа намена изградените  базени во дворовите на црковните храмови. Најсреќните, оние кои први стигнаа и го извадија крстот од водите, општината ги награди, а за најсреќниот во Василево награда обезбеди и компанијата ЗЕГИН.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago