Македонија

Македонија се гуши во ѓубре, секој жител лани создал над 330 килограми ѓубре

Пресметано во просек по глава на жител, секој жител на Македонија лани создал 334 килограми ѓубре.

Според извештаите кои се достапни, на територијата на Македонија има околу 50 активни комунални нестандардни депонии (ѓубришта) кои работат без никаква дозвола и згора на тоа имаме над 2.000 нелегални депонии.

Ако на ова се додадат колчините опасен отпад кои изнесуваат  3751 тони, што се создава при ископување и физичка и хемиска обработка на минерални суровини, бројката е многу поголема. 

Според податоците во Годишниот извештај за животна средина за 2023 година, медицинските установи создале 1.041,38 тони медицински отпад. Во Дрисла  која работи во Скопскиот регион и е единствена депонија која работи според стандардите на Националната стратегија за управување со отпад,  биле согорени 55.487 килограми.

Депониите претставуваат потенцијална опасност за загадување на почвите, површинските води и подземните води, како и воздухот и се ризик за биодиверзитетот, земјоделското земјиште и здравјето на луѓето. 

Ниту една од општински депонии не ги исполнува барањата за санитарно работење и заштита на животната средина. Ѓубрето се фрла на отворен простор, на падините или долж брегот на реките во близина на градот. Во руралните средини, населението го отстранува својот отпад со фрлање во предградијата на населбите. Илјадници диви депонии се создадени во каменоломи, јами и во природниот пејзаж во речните корита, долж патиштата, во долините и на падините.

 Дивите депонии имаат сериозно негативно влијание на здравјето на луѓето и животната средина. Годишно се губат околу 1.300 животи од аерозагадувањето. Тие ги зголемуваат ризиците од различни болести, како што се ракот на белите дробови, мозочните удари и болестите на срцето.

Ги загадуваат природните ресурси и ги нарушуваат општите животни услови. За да се намалат овие ризици, потребно е да се подобри управувањето со отпадот, да се создадат системи за правилно одлагање и рециклирање, и да се зголеми јавната свест за важноста на заштитата на животната средина и здравјето.

Повеќе на линкот: https://trn.mk/makedoni%d1%98a-tone-vo-%d1%93ubre-kako-deponiite-vli%d1%98aat-na-zdrav%d1%98eto-na-makedonskite-gra%d1%93ani/?link_id=5&can_id=8a8796d607346a4cc6111929a7b2041b&source=email-8c8dc7601c09313ed3f5f72c11050972d519c269&email_referrer=email_2584164&email_subject=makiedonija-sie-ghushi-vo-gjubrie-_

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago