Македонија
Македонија се гуши во ѓубре, секој жител лани создал над 330 килограми ѓубре
Објавено на
Од
Media PressПресметано во просек по глава на жител, секој жител на Македонија лани создал 334 килограми ѓубре.
Според извештаите кои се достапни, на територијата на Македонија има околу 50 активни комунални нестандардни депонии (ѓубришта) кои работат без никаква дозвола и згора на тоа имаме над 2.000 нелегални депонии.
Ако на ова се додадат колчините опасен отпад кои изнесуваат 3751 тони, што се создава при ископување и физичка и хемиска обработка на минерални суровини, бројката е многу поголема.
Според податоците во Годишниот извештај за животна средина за 2023 година, медицинските установи создале 1.041,38 тони медицински отпад. Во Дрисла која работи во Скопскиот регион и е единствена депонија која работи според стандардите на Националната стратегија за управување со отпад, биле согорени 55.487 килограми.
Депониите претставуваат потенцијална опасност за загадување на почвите, површинските води и подземните води, како и воздухот и се ризик за биодиверзитетот, земјоделското земјиште и здравјето на луѓето.
Ниту една од општински депонии не ги исполнува барањата за санитарно работење и заштита на животната средина. Ѓубрето се фрла на отворен простор, на падините или долж брегот на реките во близина на градот. Во руралните средини, населението го отстранува својот отпад со фрлање во предградијата на населбите. Илјадници диви депонии се создадени во каменоломи, јами и во природниот пејзаж во речните корита, долж патиштата, во долините и на падините.
Дивите депонии имаат сериозно негативно влијание на здравјето на луѓето и животната средина. Годишно се губат околу 1.300 животи од аерозагадувањето. Тие ги зголемуваат ризиците од различни болести, како што се ракот на белите дробови, мозочните удари и болестите на срцето.
Ги загадуваат природните ресурси и ги нарушуваат општите животни услови. За да се намалат овие ризици, потребно е да се подобри управувањето со отпадот, да се создадат системи за правилно одлагање и рециклирање, и да се зголеми јавната свест за важноста на заштитата на животната средина и здравјето.
Повеќе на линкот: https://trn.mk/makedoni%d1%98a-tone-vo-%d1%93ubre-kako-deponiite-vli%d1%98aat-na-zdrav%d1%98eto-na-makedonskite-gra%d1%93ani/?link_id=5&can_id=8a8796d607346a4cc6111929a7b2041b&source=email-8c8dc7601c09313ed3f5f72c11050972d519c269&email_referrer=email_2584164&email_subject=makiedonija-sie-ghushi-vo-gjubrie-_
Поврзани содржини

За претседателот Глигоров Европа беше национална цел, порача Филипче, на синоќешниот свечен настан по повод 35 години од независноста, во организација на СДСМ

Трипуновски: Ограничена маржа на цената на ѓубривата за заштита на домашното земјоделско производство

63 празни столчиња и по една бела роза на нив, една година од трагедијата во Кочани

Никој ништо не знае, 13 дена нема одговор како 5 тони дрога поминале граница

ВМРО -ДПМНЕ: Прашањата за дрогата СДС нека ги постават кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев

Бачев: ЛИНЕАРНО ИЛИ ПРОЦЕНТУАЛНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИИТЕ

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

