Расте бројот на заболени од грип, има и скршеници од снегот. За време на празниците 1040 прегледи во ИМП во „Здравствен Дом“, Радовиш
Расте бројот на заболени од грип и други респираторни
инфекции и вирози, пикот се очекува при крјот на овој месец и почетокот на
другиот. Во периодот на празниците во Итната медицинска помош во Здравствениот
дом во Радовиш имало над 1040 прегледи, или по 100-тина прегледи дневно на
смена. Голем е ризикот и од скршеници
затоа се препорачува повозрасните лице
во овие денови на снег и мраз да не излегуваат од дома. При паѓање на овие лица
посебно кај жените лесно доаѓа до скршеница поради кршливи коски или
остеопороза, при што лицата залегнуваат и доаѓа до пневмонија.
Инаку грипот е сезонско заболување и за разлика од настинката, започнува изненадно: се јавуваат силни болки во мускулите и зглобовите, треска, висока телесна температура, сува кашлица, болка во очите и главоболка.
Додека пак поголем број на настинки започнуваат постепено: малаксаност, болкa при голтање, студ, кивање, главоболка, а можно е и намалување на апетитот. Кај повеќето настинки немаме висока температура; исклучок се децата, кај нив може настинката да ја прати висока телесна температура.
Ако
истовремено немаме и други болести, грипот поминува без компликации и не е
опасен.
За лечење на грип треба да останеме дома, да одмараме, да пиеме доволно количини на течности и да ги ублажуваме симптомите. Посета на лекар е потребна само ако не успееме да ја намалиме температурата, тешко дишење или при посериозна основна болест, препорачува доктор Стојанче Петров од Здравствен дом, Радовиш.
Лекувањето на грип обично трае 7 до 10 дена.
Кај луѓето со
добар имунитет и општа
кондиција грипот трае пократко, а текот
на болеста е полесен. Кај мали деца, но и кај повозрасни лица, и лица со
хронична болест, грипот има потежок облик но и подолго трае.
При појава на треска и малаксаност не се препорачува поголема физичка активност и психичко оптеретување, но не значи дека треба болеста да се помине во кревет.
После
прележување на грип се препорачува со дневните активности постепено да се
започнува. Особено треба да се пази во зима, поради ладниот воздух кој
предизвикува кашлица и тешко дишење.
Вакцинирањето против грип во
голем процент спречува
тешкотии при прележување на грипот, се намалуваат лежечките пациенти во болница
и спречува појава на пневмонија.
Од вирусот на грипот и настинката можеме да се заштитиме така што нема да се задржуваме во затворени простории, сувиот воздух ја суши слузокожата со што се овозможува лесен влез на вирусот во телото. Паметно е да се избегнуваат и простории во кои има болни лица.
Првенствено мораме да внимаваме на тоа да одржуваме добра физичка активност и да имаме урамнотежена исхрана, но и добро спиење и одмор.