Македонија

Втор ден Божиќ, граѓаните со големо внимание и почит го празнуваат споменот на раѓањето Христово

Втор ден Божиќ. Граѓаните со големо внимание и почит ги празнуваат овие денови. Божиќ е господски празник и се слави во спомен на раѓањето на Исус Христос , овој празник е матица  на сите други црковни  празници.   Бидејки со Христовото раѓање  започнува и Христовата ера. Црквата утврдила веднаш после големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува. Затоа денеска, по празникот Рождество Христово, се слави Пресветата Богородица.

 Со овој празник ѝ се оддава признание на мајката Божја, Пресвета Богородица која е најзаслужна за раѓањето на Спасителот. Во таа смисла се и црковните песни коишто се исполнуват при црковните свечености. Но во народното сфаќање овој ден се смета за втор ден на празникот Божиќ и празнувањето е во тој дух. Во Црковниот храм Св. Троица во Радовиш денеска се одржа света божествена литургија.

Отец Иван испрати силна порака, да се натпреваруваме помеѓу себе во правење добри дела и не во материјалното, кој е побогат. Бидејќи како што рече на судниот ден никој не понесува ништо со себе, освен добрите дела.

На крајот се изврши причестување со земање нафора и вино, кои ги симболизираат Исусовото тело и крв.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago